Никола Јокиќ се повреди пред почетокот на новата сезона во НБА. На претсезонскиот натпревар против Оклахома го повреди зглобот на десната рака и сега сите во клубот се загрижени.
Алармот е вклучен, иако според првите проценки не се чини дека се работи за нешто премногу сериозно. Додуша, тоа значи и дека веројатно српскиот играч нема да игра премногу на подготовките за да не ја влоши ситуацијата со повредата.
Поради тоа, Јокиќ не тренираше со тимот на Денвер, а тренерот Мајкл Мелоун објасни дека „Никола го мачи зглобот и мора да се донесат паметни одлуки за тоа“.
Нагетс во текот на подготовките ќе одиграат уште четири натпревари, прво против Чикаго, потоа против Феникс, Лос Анџелес Клиперс и Голден Стејт. Речиси сигурно е дека Србинот нема да биде во тимот против Булс, додека ситуацијата за останатите натпревари ќе се следи. Денвер ја започнува новата сезона во НБА со натпреварот против Јута (20 октомври).
Јокиќ одигра еден од најлошите натпревари против Тандер и Алексеј Покушевски. Натпреварот го заврши без бод од игра, постигнувајќи 2 поени (двата од пенал), заедно со пет скока и три асистенции. Додека повредата на двократниот МВП на НБА ги загрижува навивачите, она што ги радува е враќањето на Џамал Мареј и Мајкл Портер Јуниор. Двајца играчи кои во следната сезона заедно со Никола треба да бидат предводници на тимот.