Јуве профитираше од испаѓањето на Наполи и Лацио: Обезбеди место на клупскиот Мундијал

Можеби елиминацијата на Наполи и Лацио во осминафиналето на Лигата на шампионите од Барселона и Баерн воопшто не е добра за италијанскиот фудбал, но дефинитивно е за Јувентус.

Имено, откако споменатите два клуба од Калчото сезонава го завршија учеството во елитното европско натпреварување, останаа без можност да освојат дополнителни бодови кои би ги однеле на Светското клупско првенство, што значи дека од Чизмата на ова натпревар ќе оди клубот од  Торино.

Да биде уште поинтересно, Јувентус е единствениот тим кој успеа да обезбеди пласман во САД без да учествува во Лигата на шампионите сезонава.

„Старата дама“ стана десеттиот клуб од Европа кој успеа да се пласира во ова натпреварување, а досега тоа го направија Челси, Реал Мадрид, Манчестер Сити, Баерн, ПСЖ, Интер, Порто, Бенфика и Борусија Дортмунд.

Европа ќе обезбеди уште два претставника за ова натпреварување, а тоа ќе бидат Атлетико или Барселона, односно Салцбург или ПСВ.

URL

Покрај екипите од Европа, учество на Мундијалот обезбедија и Оукленд Сити од Нов Зеланд, Палмејрас, Флуминенсе и Фламенгу од Бразил, мексиканските Леон и Монтереј, Ал Ахли од Египет, Видад Казаблканка од Мароко, јапонската Урава Ред Дајмондс, Сиетл Саундерс од САД и Ал Хилал од Саудиска Арабија. Така, од 32 екипи познати се 21, а останува уште да се добијат 2 од Азија, 2 од Африка, 1 од Северна Америка, 3 од Јужна Америка, 2 од Европа, како и домаќинот од САД.

Клупското светско првенство ќе се одржи од 15 јуни до 13 јули следната година.

реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе