Каде е снимката од трагичната смрт на Стив Ирвин?

Локацијата на снимката која ја прикажува трагичната смрт на легендарниот Стив Ирвин останува мистерија и 17 години откако раја смртно го рани австралискиот заштитник на природата и познат ловец на крокодили.

За потсетување, Ирвин на 4 септември 2006 година на гребенот на Бат во близина на Порт Даглас, Квинсленд беше прободен од раја додека снимаше новоа епизода за својата популарна ТВ емисија.

Енимателите од неговата екипа очајно се обидувале да го спасат пред да го однесат на брегот, каде што болничарите му направиле реанимација. Ирвин починал пред да стигне во болница. Целиот инцидент бил снимен на камера, а снимките потоа биле предадени на властите за да помогнат во нивната истрага. Видеото од самиот настан сѐ уште не е објавено во јавност, најмногу поради желбите на неговите блиски пријатели и семејството.

„Снимката никогаш нема да ја види светлината на денот. Никогаш. Го гледав видеото, но не сакам да го гледам повторно“, изјави најдобриот пријател и режисер на Ирвин, Џон Стејнтон, за време на неговото гостување во шоуто на Лери Кинг во 2006 година.

Ирвин тој ден нуркаше снимајќи ја својата нова емисија „Ocean's Deadliest“. Фокусот на тимот беше смртоносната тигреста ајкула. Откако не успеал да ја најде, Ирвин наместо тоа се свртел кон џиновска краткоопашеста раја (Bathytoshia brevicaudata) од речиси два и пол метри за да направи снимки за друг проект на кој работел со неговата ќерка Бинди, „Bindi the Jungle Girl“. Стив Ирвин пливал над рајата, кои инаку се безопасни во повеќето случаи. Во еден момент, рајата му ги прободела градите со боцката, очигледно мислејќи дека странува збор за ајкула.

Раите обично користат боцки, кои се всушност три отровни 'рбетни сечила во опашката, како одбранбен механизам кога некој им се заканува или кога ќе ги згазне. Рајата му ги прободела градите со боцка и му го забила отровниот шилец директно во срцето.

„Боцката му помина низ градите како врел нож низ путер“, изјави камерманот на Ирвин, Џастин Лајонс, кој го снимил трагичниот инцидент тој ден.

Ирвин му рекол на својот тим дека рајата му ги дупнала белите дробови откако бил погоден, не сфаќајќи дека наместо тоа всушност го погодила неговото срце.

„Веројатно рајата од сенката на Стив помислила дека се работи за тигреста ајкула, која често напаѓа раи, па почнала да го напаѓа. Додека се враќаме на бродот, му викам на еден од екипажот да ја стави раката над раната и постојано му велиме на Ирвин: 'Мисли на твоите деца, Стив, држи се, држи се, држи се'. Тој само некако смирено погледна и рече: 'Умирам'. И тоа беше последното што го кажа“, изјави камерманот.

Сѐ било снимено бидејќи тоа било желба на самиот Ирвин. Застрашувачката снимка веднаш била предадена на властите кои ја истражувале неговата смрт. Биографот Тими Донован рече дека Ирвин секогаш им кажувал на луѓето дека „би бил тажен ако никој не ја сними неговата смрт“.

Сите копии од касети на кои се наоѓа снимка од смртта на Ирвин биле уништени веднаш по завршувањето на истрагата. Се вели дека на неговата сопруга ѝ бил предаден последниот примерок. Таа за магазинот You во 2018 година изјави: „По смртта на Стив 100 милиони гледачи го гледаа видеото од неговата смрт што беше објавено на YouTube. Тој филм беше тотална измислица која ја искористуваше тагата на луѓето. Никогаш не сум ја видела вистинската снимка. Зошто би? Знам како умре мојот сопруг и ми олесна што децата не беа на бродот како што обично беа; ќе беше ужасно да беа сведоци на тоа“.

Според нејзините зборови, сè уште постои копија од снимката со смртта на Ирвин некаде во полицискиот трезор.

Тагови
реклама

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе