Каде грешат мажите кои не успеваат да ѝ пружат оргазам на жената?

Докажано е дека мажите доживуваат повеќе оргазми од жените, а едно истражување откри зошто се случува тоа.

Можеби безброј пати сте слушнале од жена дека ѝ е многу тешко да го достигне врвот на интимната врска или дека оргазмот речиси никогаш не ѝ се случува за време на секс.

Многу мажи се прашуваат и зошто нивните партнерки само понекогаш доживуваат оргазам, а одговорот лежи во едноставните потези кои често се занемаруваат.

Имено, едно истражување во 2017 година било спроведено со 52.588 возрасни лица со различна сексуална ориентација, даде интересни податоци за јазот во оргазмот меѓу жените и мажите. Ова истражување покажа дека повеќето жени ретко доживуваат оргазам, а еве некои од најчестите одговори:

Клиторисот е запоставен

Експертите велат дека недоволното познавање на клиторисот е причината поради која жените не доживуваат сексуално задоволство. Делот од женскиот репродуктивен орган кој доживува сексуално задоволство не е вагината, туку клиторисот и вулвата. Надворешниот дел на клиторисот има околу 8.000 нервни завршетоци и ако се занемари, жената не може така лесно да доживее оргазам. Мажот не може да стапи во однос без ерекција, а исто така и жената не треба да почнува со пенетрација без соодветна стимулација на клиторисот.

Студијата, спроведена од Journal of Sek & Marital Therapy, покажа дека 36% од 1.000 жени кои имале стимулација на клиторисот постигнале оргазам, а само 18% можеле без таква стимулација.

Нема предигра

Сексуалните односи и другите сексуални активности како што се страсни бакнежи, играчки за возрасни, секси муабети и сѐ што е совршена предигра за вас, може да предизвикаат поголем оргазам кај жените. Ако ова не постои, жената нема да биде склона да достигне оргазам.

Инхибиција

Друга ситуација која го намалува процентот на жени кои доживуваат оргазам се прашањата поврзани со сексот и сексуалноста. Историски, жените биле учени да бидат инхибирани кога е сексот во прашање, па не ги соопштуваат своите потреби така лесно и отворено. Ова води до фактот дека тие ќе прифатат нечии сексуални потреби и желби, наместо да се водат од своите. На овој начин се намалува можноста жената да доживее оргазам. Тоа значи дека отворената комуникација од двата партнера е многу важна за задоволството на секој од нив и секако – за заедничкото уживање.

Тагови
реклама

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе

4 несакани последици кои може да се јават ако јадете премногу леб

Читај повеќе