Приватните превозници сакаат да знаат

Kаде завршуваат прибраните средства во ЈСП од продадени билети?

Автобусите на приватниот превозник „Слобода превоз“, на линиите 9, 12, 22, 23 и 45, денес нема да сообраќаат поради немање средства за нафта затоа што ЈСП „Скопје“, односно Град Скопје не го исплатил долгот кон компанијата.

– Со крајни напори ќе се обезбеди редовен превоз на линиите: 11, 11а, 47, 55, 61, 63 и 73,  кои како приградски линии делумно се финансираат и од општините кои не се во состав на Град Скопје, за да не се случи поради неизвршување на тој превоз да имаат причина да престанат да ги уплаќаат средствата во ЈСП, соопшти „Слобода превоз“.

Најавија дека претставници на превозниците од сите линии во 9:00 часот ќе бидат пред Градското собрание каде што ќе побараат итен прием кај секретарот на Град Скопје кому ќе ги пренесат проблемите со кои се соочуваат, а кои се поврзани со големиот долг на ЈСП кон нив. Исто така, ќе побараат одговори на повеќе прашања, меѓу кои и за тоа зошто и каде завршуваат прибраните средства во ЈСП од продадени билети, како и за превоз на ученици од кои приватните превозници треба да бидат исплатени.

Во зависност од исходот на таа средба, добиените одговори и предлог решенија, ќе зависи понатамошното вршење на превозот и делување на превозниците.

Пред еден месец автобусите на ЈСП „Скопје“ не возеа еден ден кога вработените стапија во колективен штрајк зашто немаа земено плата. Потоа, поради долг кој не можеше да го наплати од ЈСП односно од Град Скопје, престанаа да сообраќаат автобусите на приватниот превозник „Макекспрес“.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе