Кајгана fun with flags: Епизода 7 - зошто се бојкотира виолетовата боја?

И да не сте љубител на знамиња, сигурно некогаш сте приметиле дека виолетовата боја ја нема на ниту едно знаме. Ајде да видиме зошто е тоа така.

Всушност, виолетовата боја ја има, но само на едно знаме. А, и на тоа знаме е тешко приметлива бидејќи ја има во мали детали. Станува збор за знамето на островската карипска држава Доминика, за чие знаме пишувавме во претходната епизода „Многубојни знамиња“. Папагалот во центарот на знамето на оваа земја, покрај жолт клун и канџи, црвени очи, содржи и зелени и виолетови пердуви. И тоа е сѐ од виолетовата боја, а во светот има околу 200 независни држави, или со ограничена автономност.

Зошто?

Одговорот е дека не се работи за некаква теортија на заговор која има за цел да се бојкотира виолетовата боја, туку има добра причина зошто изостанува од знамињата.

Имено, до почетокот на XIX век оваа боја била премногу скапа. Поради тоа најмногу се поврзувала со моќ, власт и богаство. Интересен е на пример случајот со британската кралица Елизабета I која им забранила на сите, освен блиските членови на кралското семејство, да носат облека во оваа боја.

Историски, оригиналната виолетова боја се добивала од еден вид на мал моски еж кој го фаќале во медитеранските води на она што е денес Либан. Биле потребни околу 10 илјади моски ежови за да се направи само 1 грам виолетова боја. Токму затоа важела за боја на богатите, а не поради својот изглед. Само оние кои финансиски можеле да си ја дозволат оваа боја можеле да ја носат, а обичниот народ можел да ја види само при јавните собири на кои биле и кралевите или другите богаташи.

Низ историјата се познати интересни занимливости со виолетовата боја. На пример, римскиот владетел Аурелијан, кој владеел во III век, на својата жена ѝ забранувал да купува шалови и ѓердани со виолетова боја затоа што таквото нејзино задоволство него го чинело трипати повеќе отколку што самиот тој вредел во злато. Е толку била скапа виолетовата боја.

Одредени историски извори велат дека 350 грама виолетова боја чинела три купа злато, што во денешно време би било околу 56 илјади долари. Епа сега видете зошто дури ни најбогатите земји не можеле да си дозволат нивното знаме да има виолетова боја.

Од лек за маларија до виолетова боја

Конечно, од 1856 година виолетовата боја почнала да станува подостапна. Англискиот хемичар Вилијам Хенри Перкин сосема случајно, како и многу други пронајдоци, направил синтетичка виолетова боја додека се обидувал, пазете, да направи лек за маларија. Оттогаш почнало масовното производство на виолетова ткаенина, па кралските семејства и богаташите веќе престанале да ја вреднуваат, бидејќи станала достапна за широките маси.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе