Кајгана fun with flags: Епизода 8 - знамиња што немаат црвено, зелено или бело

Од сите независни држави во светот, само 6 имаат знаме кое нема ниту една од најзастапените бои - црвена, зелена или бела.

И тоа сите 6 користат комбинации од слични нијанси на сина и жолта, а две на овие бои додаваат и црна.

Станува збор за државните знамиња на Шведска (1906), Украина (1918), Барбадос (1966), Бахами (1973), Палау (1981) и Казахстан (1992).

Шведска

Знамето на Шведска е најстаро во оваа група и датира уште од далечната 1906 година. На сина позадина се наоѓа жолт нордиски крст, каков што имаат сите нордиски држави.

Украина

Украина, со прекини, користи исто знаме. Првпат ова двобојно знаме со сина и жолта боја се појавило во 1917 година со боите обратно поставени (жолтата горе, сината долу), но траело кратко бидејќи набрзо боите го промениле редоследот, како денес. Знамето го користела државата Украина пред да биде срушена од болшевиците, кога било забрането. Повторно за кратко заживеало за време на нацистичката окупација, за до 1991 да биде заборавено, кога било прогласено за државно знаме по независноста.

Барбадос

Карипската држава покрај сината и жолтата боја содржи и црна, која го бои трозбецот на Посејдон на центарот на знаето кое датира уште од 1966 година.

Бахами

Од 1973 година Бахамските Острови користат хоризонтална тробојка од морскосино (горе и долу) и златножолто (во средина) со црн шеврон порамнет со страната на која се закачува знамето.

Палау

Оваа мала островска држава среде Тихиот Океан има едноставно знаме со сонце на океанската површина. Нејзиното знаме е усвоено во 1981 година и го имитира јапонското изгрејсонце.

Казахстан

Знамето на Казахстан е прилично ново, датира од 1992 година кога било освоено по повод независноста од СССР менувајќи го знамето на Казахстанската Советска Социјалистичка Република. Златножолто сонце со 32 крака над орел во лет, а на левата стррана е традиционалниот орнамент кошкар-муиз.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе