Како да ги научите децата да развијат здрав однос кон храната?

Децата треба да ги научите да јадат додека не почувствуваат ситост, а не да им се заканувате дека мора да изедат сѐ што им е сервирано во чинијата.

Важно е детето да научи да чувствува глад и да престане да јаде кога желудникот му е полн. Затоа, треба да ги заборавиме навиките да се „светне“ чинијата и да се изеде целото јадење „за да не остане“.

Експертите препорачуваат десетина совети за стекнување на здрави навики на исхрана кај децата.

Едно е да им се кажува на децата дека треба да јадат здраво и количински разумно, а сосема друго е тоа да го покажете со пример. Ако родителите јадат правилно, и децата ќе научат да јадат правилно.

Секој ден во домот имајте на дофат свежо овошје и зеленчук.

Организирајте ги главните оброци и ужинките од прилика во исто време секој ден. Децата лесно се навикуваат на рутина и тоа е добро за нивната општа дисциплина.

Вклучете ги децата во подготвувањето на храната.

Солените грицки и благото чувајте ги на највисоките и потешко достапни полици.

Заедничките семејни оброци се многу важни. Во зависност од вашите распореди, потрудете се барем два од главните оброци да ги јадете сите заедно на маса.

Јадете секогаш на маса, а не од стоење или пред телевизор/компјутер.

Пробувајте нова храна и нови вкусови. Децата нешто прифаќаат, а нешто не и тоа е во ред.

Храната треба да биде уживање и затоа семејните оброци треба да бидат пријатни. За нив треба да одвоите време и да се потрудите да бидат естетски убави, да се одвиваат во пријатна атмосфера и да бидат уживање за целото семејство.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе