Како да препознаете дали детето е зависно од телефон?

Многу експерти велат дека може да се развие зависност кај децата доколку претерано ја користат технологијата. Како да препознаете дали детето е зависно од телефон, таблет или компјутер?

Обрнете внимание на следните работи:

1. Повеќе не го интересираат други активности

Кога ќе забележите дека детето повеќе сака да гледа во телефонот отколку да си игра со другарчињата, време е да се вклучи алармот.

2. Користи екрани за да се расположи

Ако детето мора да земе телефон или друг екран за се чувствува подобро, за да се утеши кога е тажно, тоа значи дека се развива зависност од уредот.

3. Крие колку време го користи телефонот

Дали некогаш сте помислите дека детето крие колку го користи телефонот, особено кога мислите дека е легнато да спие? Или пак кога треба да пишува домашна задача? Ова може да укажува на нездрава употреба на технологијата.

4. Нарушени односи со луѓе поради технологијата

Кога станува збор за дружење со семејството или другарите, детето не го остава телефонот, не се вклучува во реалниот живот, туку повеќе сака да минува време со екраните.

5. Се повлекува во себе

Децата кои користат премногу телефон, таблет или компјутер имаат тенденција целосно да се повлечат во себе.

Што да правите ако детето премногу користи технологија?

Родителите можат да помогнат и да спречат развој од зависност. Главниот чекор е да го ограничат времето кое детето го минува пред екрани. Без разлика на годините, поставете граница и одредете колку време смее да минува пред екрани.

Некогаш технологијата може да биде корисна и не треба да и се припишуваат само лоши особини.

Направете план кога во текот на денот може да користи екран, а кога не смее.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе