Како да се натерате да вежбате и кога ич не ви е дојдено до тоа?

А.С.
/ 03.04.2024 / 17:07

Ве фати мрза или едноставно не сакате да излезете од дома освен ако навистина не морате.

Според вас, вежбањето не е нешто што мора да се прави и донекаде сте во право. Не морате, ама треба. И тоа не само заради одржување на линијата или слабеење, туку бидејќи физичката активност е многу важна за општото здравје. Ова е особено важно сега кога поминуваме многу време дома, седејќи, со ограничена или никаква физичка активност.

Можеби ви е удобно да седите дома и да гледате серија или да скролате на социјалните медиуми, но ќе си бидете благодарни ако се убедите да станете и барем да испешачите 30 минути.

Ова се седум совети како да се натерате да вежбате и кога не ви е дојдено до тоа:

Почнете полека

Би било навистина одлично да вежбате интензивно или секој втор ден. Сепак, не поставувајте го тоа темпо од почеток. Дајте си шанса да се навикнете на каква било физичка активност, така што вашето тело наскоро ќе бара повеќе. Лесна прошетка од половина час, двапати неделно е вистинскиот избор.

Спортска „униформа“

Изберете нешто привлечно што би сакале да го носите дури и кога не вежбате. Спортската облека не мора да биде скапа, сепак, изберете квалитетни материјали. Кога имате опрема што едвај чекате да ја облечете, сигурно ќе го направите тоа.

Музика

О, да, музиката навистина го крева расположението и дава енергија. Направете плејлиста што нема да ве остави мирни. Во најлош случај, дури и танцување пред огледало е одредена физичка активност.

Полесно е во двојка

Поканете пријател/ка, член на семејството или партнерот/партнерката да вежбате заедно. Поддржувајте се и охрабрувајте се едни со други и не дозволувајте да се откажете. Нема да ви биде досадно - тоа е сигурно! Се разбира - помалку муабетење, повеќе вежбање.

YouTube

Не ви се излегува надвор? Наместо да гледате смешни видеа или видеа од вашите омилени уметници на YouTube, побарајте ги оние со инструкции за вежби, ги има многу. Најдете програма за вежбање што ви е интересна и забавна и правете ги вежбите додека сте дома. Вежбајте половина час во текот на денот, најмалку три пати неделно. Толку е едноставно.

Истражувајте

Пронајдете во што навистина уживате. Зумба, аеробик, теретана, пилатес, трчање или возење велосипед? Има толку многу можности, и ако го правите она што го сакате, ништо нема да ви биде тешко.

Не се споредувајте

Гледајте се себе си и само себе си. Немојте да се разочарувате, ниту да ги следите резултатите и бројките секојдневно. Најдете го вашето темпо и мотивирајте се да бидете доследни.

Ако познавате некој што станува рано наутро секој ден да трча, тоа нема никаква врска со вас. „Не можам да го направам тоа“ не смее да биде причината зошто седите дома.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Фит

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Read more

Како зелениот чај може да помогне во губењето тежина?

Read more

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе