Како да слабеете без да се откажете од алкохол?

А.С.
/ 04.08.2023 / 13:17

Иако губењето килограми може да биде предизвик, особено кога не сакате да се откажете од коктели со пријателите или вашето омилено црвено вино на романтичен состанок, експертите велат дека е можно сепак да уживате во алкохолот и истовремено да ги постигнете вашите цели за слабеење.

Како и со секој успешен режим за слабеење, важно е да се направат потребните прилагодувања во исхраната, физичката активност и начинот на живот. Редовното вежбање, придржувањето до здравите животни навики и консумирањето исхрана богата со зеленчук, овошје, посни протеини и цели зрна е одличен почеток.

Успешното и одржливо губење на тежината бара и откажување од нездрави навики кои ве спречуваат да постигнете резултати. На пример, прекумерното консумирање алкохол не само што може да ве одведе од вистинскиот пат, туку е и штетно за вашето целокупно здравје.

Но, добрата вест е дека има паметни начини како сепак да уживате во алкохолот без да се доведете во ситуација да не можете да изгубите тежина.

Се разбира, умереното консумирање алкохол е клучно, но со овие седум начини ќе можете да изгубите килограми без да се откажете од алкохолот.

1. Одлучете однапред колку пијалаци ќе испиете

Пред да почнете да пиете, утврдете го бројот на пијалаци што ќе ги испиете. Ова ќе го олесни поставувањето ограничување и ќе ја знаете вашата граница кога се нарачуваат и споделуваат пијалаци.

„Препорачуваме да го ограничите алкохолот на еден до два пијалаци на вечер“, пишува Eatthis. „Ќе заштедите стотици калории во споредба со она што просечниот човек обично го пие во една вечер“, додаваат тие.

2. Држете се до правилото „секоја втора“

Што е правилото „секоја втора“? После секоја алкохолна пијачка што ќе ја испиете, пијте безалкохолен пијалак со помалку калории. На тој начин ќе консумирате помалку алкохол во текот на вечерта, а сепак ќе уживате во нешто вкусно (без големиот број на калории)!

3. Заситете се со протеини и зеленчук пред вечер со алкохол

Уште еден совет - јадете зеленчук и протеини пред да одлучите да пиете со друштво.

Имено, влакната и протеините го одржуваат нивото на шеќер во крвта стабилно и помагаат да се чувствувате сити. На овој начин, помала е веројатноста да донесувате лоши одлуки за храната и пијалаците.

4. Нарачајте светло, нискокалорично пиво

Иако ова е многу јасно, луѓето често забораваат на оваа инструкција. Направете си услуга и одберете светло, нискокалорично пиво. Не сите пива имаат ист број на калории, а со избирање на светло пиво, можете да ги намалите калориите за една третина, па дури и за половина.

5. Сфатете го алкохолот како „десерт“, а не како „мезе“

Алкохолот треба да го уживате како десерт, а не да го третирате како предјадење. Ако ја започнете вечерта со алкохол, пред да јадете нешто, многу побрзо ќе ги почувствувате ефектите. Исто така, ако почнете да пиете алкохол подоцна, ќе ви останат помалку часови за пиење, што ќе ве спречи да претерате со алкохолот.

6. Нарачајте малку „мурчиња“

Кога сте расположени за вино, изберете просеко или шампањ! Во споредба со другите вина, просеко има помалку калории, приближно 90 во чаша вино во споредба со 125 во повеќето други вина. Повеќето мешани пијалаци имаат околу 300 до 600 калории.

7. Пијте од стандардна чаша за вино

Држењето до стандардните чаши за вино е паметен потег. Кога користите поголема чаша, лесно е да се занесете и да испиете двојно повеќе вино иако тоа всушност е само една чаша.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Фит

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Read more

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Read more

Каде грешиме со појадокот и поради тоа имаме проблеми со надуеност?

Read more

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе