Како да спречите косата да ви се масти брзо?

Густа, долга и сјајна коса се добива со грижа за здравјето на скалпот, додека шампоните и маските кои ги користите претставуваат само 20% од заштитата.

Тоа не значи дека производите не се важни, но исклучително е важно да се земат предвид и други работи.

Може да има многу причини зошто скалпот брзо ви се масти, вклучувајќи ги и внатрешните, па затоа понекогаш чувствувате дека ниту еден шампон навистина не ви помага.

Ова се четири правила кои можат да помогнат вашата коса побавно да се масти.

Откажете се од пржената и брзата храна

Докажано е дека преработената, мрсна храна предизвикува вишок себум и на кожата и на скалпот. Најдоброто нешто што можете да го направите за вашата убавина, но и за вашето здравје е да го елиминирате или намалите, колку што е можно повеќе, внесувањето на рафиниран шеќер, хамбургери, пица и друга преработена храна.

Исто така, ќе почнете да гледате јасно подобрување доколку во вашата исхрана внесувате доволно квалитетни протеини, здрави масти, антиоксиданси од овошјето и зеленчукот. Додатоците на колаген може да помогнат.

PH неутрален шампон

Повеќето шампони што ги сакаме затоа што ја прават нашата коса толку мека и свиленкаста, всушност имаат кисела PH што го дебалансира влакното и може да доведе до проблеми како вишок на себум или себореичен дерматитис. Шампон со оптимални PH вредности за здравјето на косата ќе помогне да се балансира производството на себум, а со текот на времето косата нема да биде толку мрсна.

Третман на скалпот со салицилна киселина

Сигурно нанесувате серум на кожата на лицето, зошто да не го направите истото и за скалпот? Употребата на таков производ може видливо да го подобри здравјето на косата, да го балансира производството на себум и со тоа да го промовира нејзиниот раст. Експертите препорачуваат по нанесувањето на серумот, нежно да го масирате скалпот со прстите или со четка за масажа за да се осигурате дека ефикасно се апсорбира во кожата и да ја стимулирате циркулацијата.

Не ја мијте косата со врела вода

Врелата вода сериозно го дебалансира скалпот, што доведува до дехидратација и вишок на себум. Најпрво внимавајте водата со која ја миете косата да биде топла, а не врела. Не ви треба висока топлина за ефикасно да ја исчистите косата. Освен тоа, кога водата е премногу топла, таа влијае и на косата, што доведува до сув и груб изглед.

Тагови
реклама

Живот

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Read more

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more
 

Магазин

Раните знаци на аутизам кај децата може да се откријат дури и пред 3-годишна возраст

Читај повеќе

Жена родена во 1922 не можела да резервира авионски билет оти било многу одамна, па ја запишале како бебе од 2022

Читај повеќе

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Читај повеќе

Што значи малиот засек на увото што го имаат многу мачки?

Читај повеќе

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе