Како Google Maps може да ви помогне за порелаксиран летен одмор?

Ако се подготвувате за патување, а мала дигитална помош би ви била од корист, не занемарувајте ја апликацијата Google Maps.

Оваа апликација, покрај лесната навигација, нуди неколку функции кои ќе ве информираат за претстојното патување, и многу ќе ви го олеснат. Се разбира, има и алатки кои ќе ви помогнат кога ќе пристигнете на вашата дестинација, а ние ги избравме најдобрите.

Избегнете ги гужвите

За полесно патување и помалку гужви на дестинацијата, може да се користи опција за да се предвиди каква е гужвата некаде според повеќедневна или повеќемесечна шема. Area Business може да предложи најдобро време за посета на одредено место и кога ќе поминете најмалку време во редица. Овие информации се добиваат со кликнување на локацијата на продавници, кафулиња, ресторани или било што друго што сакате да го посетите.

Снајдете се на ново место со Live View

Со Live View, корисниците можат да видат каде треба да одат со зголемената реалност. Функцијата користи камера за скенирање на околните згради и поставување насоки до вашата дестинација. За да ја активирате, изберете ја саканата дестинација, притиснетеNavigation, потоа малата икона со човече и потоа притиснете Live View. На екранот ќе се појават патокази и имиња на улици, кои дефинитивно би можеле да ви помогнат да се снајдете и ориентирате.

Каде се паркирав?

За да запомни апликацијата каде сте го паркирале автомобилот, само кликнете на вашата локација (сина точка) и изберете Save your parking. Можете да ја притиснете означената локација со прстот и да додадете детали како што се катот во гаражата или времето за паркирање, да додадете фотографија или да ја испратите локацијата до пријателите.

Заштедете интернет

Нема потреба да го трошите мобилниот интернет, преземете ја мапата. Кликнете на иконата на вашиот профил, изберете Offline Maps, потоа изберете ја вашата сопствена мапа и изберете го просторот што сакате да го зачувате на вашиот уред.

Измерете го растојанието по воздушна линија

Не секогаш сакате да ја знаете најблиската рута - понекогаш ви треба далечина по воздушна линија. За да измерите, треба да ја изберете почетната локација, да ја изберете опцијата Measure diance, а потоа да ја повлечете целта на друга локација.

Планирајте го целото патување, вклучително и местата за одмор

Ако планирате подолго патување, секогаш можете да внесете паузи и постојки за одмор, за да добиете попрецизна проценка на должината на патувањето. Изберете ја првата локација на која сакате да застанете, притиснете Directions, потоа трите точки во горниот десен агол на екранот и на крајот изберете Add stop. Внесете го полето каде што сакате да застанете, сè до крајната дестинација.

Тагови
реклама

Живот

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Read more

Ист Гејт Мол лансира мобилна апликација за лојалните посетители

Read more

Трик кој помага кучињата без потешкотии да проголтаат апче

Read more

Топол напиток погоден за почеток на денот: Се смета за најдобра замена за кафето

Read more
 

Магазин

Искористете ги велигденските јајца, додадете грашок и направете салата

Читај повеќе

Тајниот син на Владимир Путин прв пат виден во јавност

Читај повеќе

Кога е важен бројот на сексуални партнери?

Читај повеќе

Колку јајца може да изеде здрав човек во еден ден?

Читај повеќе

Ист Гејт Мол лансира мобилна апликација за лојалните посетители

Читај повеќе

Не ги игнорирајте: 8 знаци дека треба да посетите гастроентеролог

Читај повеќе

Трик кој помага кучињата без потешкотии да проголтаат апче

Читај повеќе

Кои се најчестите карактеристики на емоционално незрелите партнери?

Читај повеќе

Сигнали од телото што може да значат дека недостасува витамин Д

Читај повеќе