Како исхраната влијае на опаѓањето на косата?

Редовно читаме кои намирници помагаат за раст на косата, за одржување на здрава коса, но дали знаете дека одредени намирници всушност се виновни за опаѓањето на косата?

Проблемот со опаѓање на косата е почест кај мажите, а се проценува дека 50% од жените постари од 40 години страдаат од овој проблем, кој многу влијае на самодовербата, велат експертите од Клиниката во Кливленд.

Многу фактори, кои за жал се надвор од наша контрола, придонесуваат за проретчувањето на косата, вклучително и генетиката и хормоналните промени поврзани со менопаузата, но некои можеме да ги промениме, а еден од нив е исхраната.

Експертите ги издвоија намирниците кои го влошуваат опаѓањето на косата, а главен виновник е мрсната храна.

Сите знаеме дека исхраната богата со мрсна храна не е добра за нас – освен што нѐ дебелее, создава и проблеми како висок холестерол и крвен притисок, што дополнително доведува до сериозни здравствени проблеми. Но, едно истражување од 2021 година објавена во списанието Nature покажа дека јадењето мрсна храна, како што е преработеното месо и сѐ што е пржено, исто така може да придонесе за губење на косата. „Добрите масти“ кои се наоѓаат во храната како лососот, јаткастите плодови и авокадото сè уште се препорачуваат и не претставуваат ризик.

Исхрана богата со масти може да го наруши циклусот на раст на косата

Косата поминува низ циклус на раст во кој сама опаѓа, но и се регенерира. Ова е причината зошто постојано гледате влакна во одводот на кадата, дури и ако не сте забележале дека косата ви опаѓа, не чувствувате губење на косата.

„Фоликулата на косата природно се движи помеѓу растот и стагнацијата. За време на фазата на раст, матичните клетки на фоликулот на косата се активираат со цел да се регенерира и да се стимулира растот. Овие нови влакна ги заменуваат оние што ги наоѓате на вашата четка - сето тоа е дел од процесот“, пишува Science Daily.

Но, едно истражување изведено врз глувци - анатомски, физиолошки и генетски многу слични на луѓето - покажа дека „стресот предизвикан од дебелината, како што е оној предизвикан од исхраната богата со масти“, може да ги осиромаши матичните клетки на фоликулите на косата и да го наруши овој циклус на раст на косата. Во овој нарушен циклус, матичните клетки не успеваат да се активираат и нова коса не расте, што на крајот доведува до забрзано опаѓање на косата.

Истражувачите од Медицинскиот и Стоматолошкиот универзитет во Токио, Јапонија, исто така открија дека губењето на косата предизвикано од нездрава исхрана е поверојатно да се појави како што старееме. Се разбира, опаѓањето на косата генерално се јавува како што старееме, но во комбинација со постојаното внесување на мрсна храна, тоа драстично го влошува проблемот.

Што е лек?

Експертите советуваат да изберете храна богата со протеини со малку маснотии (косата е „направена“ од протеини, па затоа е важно да се одржува оптимален внес), како што се посно месо, грав и мешунки, наместо преработено месо, сирење, колачи и друга храна богата во заситени масти. Исто така, важно е да се консумира храна богата со витамини и минерали, особено витамин Ц, витамин Д и железо.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Живот

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more
 

Магазин

Што е сексомнија?

Читај повеќе

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Читај повеќе

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Читај повеќе

Знаци по кои може да се препознае дислексија кај децата

Читај повеќе
  • filter

Намирници што може да се јадат неограничено без ризик од дебелеење

Читај повеќе

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе