Како изгледа трка за забрзување на сите генерации на BMW M5?

Во текот на 4 децении, BMW M5 стана значително поголем и помоќен. Погледнете како тоа влијае на перформансите.

Британски Carwow успеа да ги собере сите генерации на BMW 5 серијата во M изданието. Врвниот спортски седан е на сцената од средината на 80-тите и генерацијата E28. Тогаш за врвен резултат беа доволни 286 КС и 340 Nm, а ги обезбедуваше 3,5-литарски атмосферски шестцилиндарски мотор. Тежеше 1.430 килограми и чинеше 31.295 фунти.

Во 1992 година го наследи Е34, а под хаубата се наоѓа малку поголем мотор од истата архитектура - 3,8 со 340 КС и 400 Nm. Автомобилот накачи повеќе од 200 килограми, а почетната цена беше 52.480 фунти.

E39 покажува драстичен скок. Сè уште има атмосферски мотор, но сега е 5.0 V8 со 400 КС и 500 Nm. Масата скокна минимално, на 1695 килограми, а цената остана речиси иста - 52.480 фунти.

Но, вистинската работа доаѓа со генерацијата E60. Под хаубата е 5.2 V10 мотор со 507 КС и 520 Nm, погонот е и понатаму на задните тркала, а цената достигна 65.330 фунти.

Турбините доаѓаат за прв пат со генерацијата F10. 4.4 V8 произведува 600 КС и 700 Nm, менувачот има две спојки и седум степени на пренос, а тежината е дури 1870 килограми. Цената достигна дури 91.890 фунти. Овој примерок се погрижи и за непријатно изненадување поради кое испадна од трката.

F90 конечно пристигна. Првиот е со погон на сите тркала, а моторот V8 сега произведува уште повеќе - 625 КС и 750 Nm. Масата застана на 1865 кг, а цената започнува од 111.220 фунти.

Remote video URL
Тагови
реклама

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе