Како изумира еден јазик?
Сигурно некогаш сте се запрашале како латинскиот јазик изумрел. Јазик на една огромна империја, а денес живее само на сила во Ватикан.
Јазиците може да изумрат и дури и да бидат збришани, да не остане никаква трага од нив. Такви примери има бројни на планетава. Постои разлика помеѓу изумрени и истребени јазици.
За изумрен се смета секој јазик кој повеќе не е мајчин за никого. Такви се латински, старогрчки и старословенски.
За истребени јазици се сметаат кој никој жив човек не ги зборува. Таков е примерот со илирски, сумерски, египетски, тракиски и многу други.
Експертот за јазици, полиглотот Пол, најдобро објаснува за изумрени и истребени јазици.