Како јадењето доцна навечер влијае врз организмот?

Јадењето навечер може директно да влијае на тоа колку калории согорува нашиот организам, колку сме гладни и начинот на кој нашето тело ги складира маснотиите, откриваат истражувачите.

Научниците претходно се согласија дека постои врска помеѓу тоа кога го јадете последниот оброк во денот и зголемувањето на телесната тежина, а ново истражување даде дополнително појаснување.

Шеснаесет учесници со индекс на телесна маса во опсег на дебелина биле подложени на два шестдневни теста за време на кои нивните навики за јадење и спиење биле строго контролирани.

Во текот на еден јаделе три оброци дневно - појадок во 9 часот, ручек во 13 часот и вечера во 18 часот. Во вториот распоред, времето било поместено за неколку часа, па појадокот бил во 13 часот, ручекот во 18 часот и вечерата во 21 часот.

Примероците од крвта покажале дека 24-часовното ниво на лептин, хормон кој ни кажува кога сме сити, било пониско кога јаделе подоцна. Ова покажува дека тие биле погладни, па имале поголема веројатност да изедат повеќе, а калориите побавно се согорувале.

Студијата спроведена од истражувачите од Brigham and Women's Hospital во Бостон, Масачусетс, исто така покажа дека јадењето подоцна доведува до складирање на повеќе маснотии преку адипогенеза, а процесот што ги разградува мастите, познат како липолиза, е намален.

Во комбинација, овие промени може да го зголемат ризикот од дебелина, а со тоа и од дијабетес и рак, предупреди тимот.

Авторите на студијата, чија работа е објавена во Cell Metabolism, додадоа: „Овие наоди покажуваат конвергентни механизми со кои доцното јадење може да резултира со позитивен енергетски биланс и зголемен ризик од дебелина“.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Здравје

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Read more

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Read more

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Read more

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Read more
 

Магазин

Засиленото опаѓање на косата може да укаже на недостаток на хранливи материи и разни здравствени проблеми

Читај повеќе
  • play_arrow

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Читај повеќе
  • play_arrow

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Читај повеќе

Летна наградна авантура со Веро, 400.000 денари за најсреќниот купувач

Читај повеќе

Алармантен број млади луѓе заболуваат од три типа на рак

Читај повеќе

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Читај повеќе

Што се случува во телото кога јадете јагоди?

Читај повеќе

Нефролог откри која храна е најдобра за здравјето на бубрезите

Читај повеќе