Како ќе изгледа Суперлигата? 64 клубови ќе играат во три квалитативни дивизии

Макфакс/Кајгана
/ 21.12.2023 / 15:49

Судот на Европската унија пресуди дека УЕФА и ФИФА постапиле спротивно на законот кога ја забранија Суперлигата пред две години, што значи дека е отворен патот за формирање ново европско натпреварување надвор од јурисдикцијата на главните светски фудбалски организации.

Недолго по одлуката на Европскиот суд беше претставен концептот на Суперлигата. Планот е во него да се натпреваруваат 64 клубови поделени во три квалитативни дивизии. Клубовите од пониските рангови ќе можат да изборат пласман во повисоките, што значи дека ќе има и испаѓање.

Натпреварувањето во Суперлигата би било поделено во две фази. Првиот би се играл по лигашки систем, а секоја екипа би одиграла 14 натпревари, 7 дома и 7 на гости. Најуспешните клубови потоа би играле во нокаут фазата.

16 клубови поделени во две групи од по 8 би се натпреварувале во двете најсилни лиги, Стар и Голд. Најдобрите четири од секоја група ќе се квалификуваат во четвртфиналето од плеј-офот во нивната соодветна дивизија.

Во третата Сина лига, преостанатите 32 клуба би играле во четири групи од по 8 клуба. Во четвртфиналето би се пласирале и најдобрите две екипи од секоја група, а победниците од сите три лиги би добиле трофеи.

Финалистите од златната и сината лига ќе изборат место во повисок ранг, а најлошиот тим од секоја од групите на Стар и Голд лига би испаднал во понизок ранг.

УЕФА не се согласува: „Пресудата не значи одобрување на таканаречената Суперлига“.

Воедно, треба да се каже дека само 12 клуба од најслабата Сина лига ќе останат во Суперлигата, додека 20 од нив секоја сезона ќе бидат заменети со други клубови во зависност од нивниот успех во домашните првенства.

Натпреварите во лигашката фаза би траеле од септември до април, а натпреварите би се играле во текот на неделата за да се овозможи националните првенства да се одвиваат без прекин.

A22 Sports, компанијата која стои зад Суперлигата, објави и видео во кое го објаснува системот на натпреварување. Сличен систем беше предложен и за натпреварувањето во женскиот фудбал.

URL

Каталонскиот весник Mundo Deportivo додава дека Реал Мадрид и Барселона ќе добијат финансиска инјекција од по една милијарда евра бидејќи тие се единствените основачи и носители на проектот.

Бројни инвеститори сакаат да инвестираат во Суперлигата за таа да започне што поскоро. Основачите на Суперлигата истакнаа дека преносите на натпреварите ќе бидат бесплатни.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе