Како мастурбацијата може да ве заштити од бактерии и вируси?

Мастурбацијата, покрај чувството на задоволство, кај мажите може да обезбеди заштита од сексуално преносливи болести бидејќи при оваа практика се испира гениталниот тракт, покажува новото истражување.

„Откривме дека мастурбацијата е древна практика во редот на приматите“, рече антропологот Матилда Бриндл од Универзитетскиот колеџ во Лондон.

Бриндл и нејзините колеги ја анализираа најголемата база на податоци за мастурбација во историјата, која опфаќа 105 видови примати. Веќе е познато дека мастурбацијата е широко распространета кај цицачите и другите животни како што се птиците. Додека некои примати се познати по своите навики на самодопирање, бонобо мајмуните користат меѓусебна мастурбација како дел од нивниот социјален репертоар, а макаките исто така можат да користат и сексуални играчки.

Бидејќи примерите на мастурбација може да се најдат низ еволуциското дрво на приматите, галењето на сопствените ерогени зони е веројатно древна забава што раниот заеднички предок им ја пренел на сите групи на примати. Со оглед на тоа што е толку често, очигледно покрај забавата има и дополнителни функции.

Мастурбацијата е почеста кај мажјаците во рамките на видовите кои се парат со повеќе партнери

Научниците анализирале податоци во научни публикации и набљудувања на приматолози и чувари на зоолошката градина. Тие откриле дека мастурбацијата е почеста кај мажјаците во рамките на видовите кои се парат со повеќе партнери.

„Практиката на мастурбација често исчезнува кај моногамните видови, но речиси никогаш во системите каде женките се парат со повеќе мажјаци“, објаснуваат научниците.

Овие наоди сугерираат дека мастурбацијата некако може да ги зголеми шансите за оплодување во конкурентни сексуални сценарија. Иако сè уште не е јасно како, една теорија тврди дека може да го подобри квалитетот на ејакулата со прво исфрлање на застоена сперма, пишува Science Alert.

Добро за здравјето

Но, научниците пронајдоа и силни докази за коеволуцијата на мастурбацијата и појавата на патогени кај мажите, што укажува на друга дополнителна функција на мастурбацијата - испирање на микроорганизмите што предизвикуваат болест од гениталниот тракт. Мастурбацијата е почеста и кај мажјаците од поголемите видови примати, кои не можат сами да вршат детална грижа за нивните гениталии.

Доколку мастурбацијата најчесто се случува пред секс, тоа би значело дека ја подобрува плодноста кај мажите, додека после сексот би можело да значи дека е превенција од полово преносливи инфекции. Студија од 2010 година спроведена на африкански верверички со влакна дошла до сличен заклучок.

Ниту еден од споменатите трендови не е забележан во податоците за мастурбација на женските примати. Но, тоа не мора да значи дека мастурбацијата нема дополнителна цел за нив.

„Важно е да се напомене дека има многу помалку извештаи за мастурбација кај женските примати. Ова е делумно затоа што женското возбудување и мастурбацијата може да бидат помалку забележливи отколку кај мажјаците“, велат истражувачите.

Истражувањето The evolution of masturbation is associated with postcopulatory selection and pathogen avoidance in primates беше објавено во списанието Proceedings of the Royal Society B.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Здравје

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Read more

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Read more

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Read more

Храна што треба да ја одбегнувате по 40-тата година

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе