Јајцата се едни од најдобрите намирници што можете да ги изберете доколку сте на режим на исхрана за слабеење.
Најдобро е да слабеете со комбинација на дефицит на калории и вежбање, но јајцата можат многу да помогнат. Долго време држат ситост, што може да го спречи „опасното“ грицкање помеѓу оброците.
Богати со протеини
Јајцата се многу богати со протеини потребни за градење мускули, а колку повеќе мускули имате, толку повеќе калории согорувате. Едно поголемо јајце содржи 6,3 грама протеини, па ако изедете два веќе сте достигнале 25% од вкупната дневна количина што возрасните треба да ја консумираат.
Една студија од 2010 година испитувала две групи мажи. Некои јадеа јајца за појадок, а други јадеа пециво со млечен намаз. Оние од првата група внесувале 400 калории помалку дневно.
Малку јаглехидрати
Ако се обидувате да го намалите внесувањето јаглехидрати, јајцата се вашиот нов најдобар пријател. Едно јајце содржи помалку од 1 грам јаглехидрати и затоа не предизвикува ненадеен скок на шеќерот во крвта.
Многу малку калории
Јајцата се добри за слабеење и затоа што имаат многу малку калории. Едно големо јајце има само околу 76 калории. Ова значи дека за време на појадокот, на пример, можете да изедете две големи јајца со леб од цели зрна и да внесете само 232 калории.
Богатство од витамини
Јајцата се одличен извор на витамин Д кој помага во согорувањето на маснотиите и е многу важен за слабеењето. Покрај тоа, јајцата се богати со витамин Б12, чиј недостаток е поврзан со зголемување на телесната тежина.
Јајцата содржат и многу железо, што ни дава енергија, па можеме да издржиме понапорни тренинзи и да согоруваме повеќе калории.
Рамнотежа на шеќерот во крвта
Јајцата можат да помогнат во рамнотежата на шеќерот во крвта без да се подигне нивото на холестерол. Кога нивото на шеќер во крвта е стабилно, без ненадејни скокови и падови, нивото на енергија е стабилно во текот на денот.