Како настанал сифилисот и зошто го викале француска болест?

Сведоци сме дека и со напредната медицина, достапноста на лекови и заштитата, сифилисот сè уште претставува еден од сериозните проблеми што му се закануваат на јавното здравје. А како сето тоа започнало?

Изминатите неколку дена циркулира информацијата дека се зголемува бројот на заразени од сифилис во соседна Србија, што лесно може да се прошири и кај нас. За оваа болест денес постои лек и се вика пеницилин, но пред неговото откривање заразените се соочувале со бројни последици кои доцните фази на сифилисот ги носат со себе.

Иако постојат сомнежи дека првите описи за раната фаза на оваа болест ги дале античките извори, за сифилисот нешто повеќе кажува италиајнскиот лекар Никола Скулачи во своето писмо до неговиот пријател во периодот на првата голема епидемија на сифилис во Европа во 1495 година: „Постои чувство на чешање и непријатна болка во зглобовите. Кожата е воспалена со одвратни красти и прекриена со отоци и туберкулами, кои на почеток имаат светлоцрвена боја, а потоа стануваат црни. Најчесто почнува со интимните делови“.

Набрзо поради овие красти болеста го добила прекарот „големи сипаници“. А да биде работата уште полоша, во повеќето случаи ја лекувале со маст, што дополнително ја влошувало болката. Се користеле и купки со пот, бидејќи тогашните лекари верувале дека потењето го чисти организмот од инфекции.

Бидејќи досега не биле забележани слични случаи, или барем не во толку голем број, многумина веруваат дека сифилисот во Европа го донел Кристофер Колумбо по откривањето на Америка. Меѓутоа, денес некои студии ги побиваат овие теории и сугерираат дека тој бил таму порано, дури и за време на праисторијата.

Француската болест се шири

Скулачи во своето писмо заклучува дека сифилисот е „француска болест“, зошто? Затоа што прв пат била забележана кај француските војници кои се бореле во Неапол. Од друга страна, на Французите не им се допаднало ова име, па повеќе сакале болеста да ја нарекуваат Неаполска болест. И додека името и „потеклото“ на првата голема епидемија биле спорни, заразата продолжила да се шири низ остатокот од континентот.

До крајот на 1495 година стигнала до Франција, Швајцарија и Германија, а само две години подоцна во Англија и Шкотска. До почетокот на XVI век, епидемијата се проширила во Скандинавија, Унгарија, Грција, Полска и Русија.

Првиот што го употребил терминот сифилис бил италијанскиот физичар и поет Џироламо Фракасторо во делото „Syphilis, sive Morbi Gallici“ објавено во 1530 година. Во неа младиот овчар Сифилис го налутил богот Аполон и поради тоа бил казнет со страшна болест која на крајот го заразила и самиот крал.

Фактот дека оваа приказна опишува болест од која бил заразен и самиот крал, зборува токму за тоа дека сите - сиромашни и богати, млади и стари - страдале од неа. Некои истражувања дури покажаа дека многу писатели и уметници низ историјата имале сифилис. Како поетот Андре Ади, Шарл Бодлер, сликарите Лотрек и Моне и познатиот гангстер од почетокот на 20 век, Ал Капоне. Додека за други, како Наполеон, Ван Гог, Оскар Вајлд и Хитлер, само постојат непотврдени сомнежи.

Доба на просветителството

Луѓето во XVI и XVII век верувале дека оваа болест е казна за направените гревови и дека заразените луѓе треба да се остават да умрат поради оваа причина. Мислењето за заразените се сменило во 1673 година, откако Томас Сајдман објавил дека моралниот аспект на пациентот не треба да ги засега лекарите, туку дека нивната единствена должност е да ги лекуваат.

Така и било, или барем лекарите се обидувале да ги излечат со третманите кои биле достапни. Првиот голем пробив се случил во 1905 година, кога Фриц Ричард Шаудин и Ерих Хофман откриле дека причината за болеста е бактеријата Treponema pallidum. Ефикасен третман во почетните фази започнал само неколку години по откривањето на пеницилинот, во една болница на Стејт Ајленд во Њујорк. Засега, заштитата при сексуален однос останува единственото ефикасно оружје во борбата против оваа болест.

Тагови
реклама

Наука

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Read more

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more
 

Гик

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Како хибридното дете на човек и неандерталец ја промени човечката историја?

Читај повеќе

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе