Како настанале новогодишните украси?

Во март 2021 годинава УНЕСКО ги препозна вештините за производство на стакло од германски град како нематеријално културно наследство.

Божик според грегоријанскиот календар, кој е сѐ поблиску, е особено празничен и важен во малото германско гратче Лауша (Lauscha) во сојузната покраина Тирингија, каде традицијата на дување стакло се пренесува од колено на колено од почетокот на 19 век.

Таму во 1597 година имало мала фабрика за стакло, која произведувала чаши и стаклени чинии, но веќе во 1755 година почнале да произведуваат шупливи стаклени мониста кои се користеле како накит или играчки.

По воведувањето на меурите, во 1820 година дувачите на стакло можеле да „надуваат“ поголеми стаклени предмети, а малку подоцна, во 1847 година, неколку претприемачи од тоа германско место почнале да произведуваат стаклени украси во вид на овошје и јаткасти плодови.

Ова место до ден денес успева да го задржи квалитетот и вековната традиција и важи за едно од првите кои почнале на големо да прават украси за Нова Година и Божик. Но, малкумина знаат дека украсите за елки наводно биле направени од потреба, токму во Лауша.

Наводно, на почетокот на 19 век, еден невработен дувач на стакло, во недостиг на пари да купи јаболка, јаткасти плодови и други слатки кои потоа се закачувале по гранките, на своите деца од стакло им издувалмеури за да ја украсат елката.

Дувачите на стакло како културно наследство

„Божикната топка е измислена токму овде кај нас“, гордо вели Герхард Грајнер-Бајер, кој ја истражува историјата на оваа традиција, личност која е одговорна за тоа што вештините на дување стакло од Лауша во март 2021 година беа признати од УНЕСКО како нематеријално културно наследство.

За дувачите на стакло од ова место, 1880 година е пресвртница. Имено, американската малопродажна компанија Woolworth склучила договор со германска фабрика за изработка на божикни украси, нарачувајќи оттаму големо количество кревки стаклени предмети.

И денес во Лауша украси за новогодишни елки произведуваат помали семејни фирми, иако се натпреваруваат со евтините украси од масовното кинеско производство. Грајнер-Бајер вели дека денес во Лауша има уште околу 15 до 20 семејни компании кои произведуваат уникатни божикни украси.

Тој додава дека тоа веќе не се класични топки, туку носталгични украси и необични предмети. Инспирацијата ја бара во книгите за деца или на интернет, но сепак ги користи старите керамички калапи на дедо му што стојат на полицата во неговата работилница, заедно со други рачно изработени шаблони.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Вести

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Read more

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Read more

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Read more

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more
 

Гик

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Читај повеќе
  • filter

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Читај повеќе

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе