ПРЕМИЕР ЛИГА 2023/2024

Како настанало името Боксинг деј?

Филип Здравески
/ 26.12.2023 / 11:31

Денеска низ Англија се играат куп натпревари на популарниот Боксинг деј, но ретко кој знае зошто токму така се нарекува овој ден.

Боксинг деј е веројатно најпопуларното коло во Премиер лигата, освен можеби последното кога се одлучува титулата. Ако за Англчичаните овој термин е нешто сосем нормално, нам во Македонија Боксинг деј нѐ асоцира чисто на премиерлигашки фудбал. А, тоа е далеку од вистинското значење на Боксинг деј.

URL

Боксинг деј е празник што се се прославува на првиот ден по католички Божик, 26 декември, и спаѓа во периодот од годината наречен Christmastide, односно Божикен период.

Овој ден настанал како ден за давање подароци на сиромашните. Со годините, се претворил како дел од божикните празнувања, но и големи попусти за шопинг.

Давањето пари и други подароци на сиромашните во Европа датира од средниот век, но точното потекло е непознато. Постојат неколку теории зошто се вика токму Боксинг деј (Boxing Day), но за ниту една нема сигурна потврда. Најраспространето е верувањето дека името произлегува од кутиите за монети кои биле поставувани во црквите и во кои луѓето донирале средства за сиромашните. Кутија на англиски е box (бокс), па оттаму и Боксинг деј.

А, пак, ваквата традиција на собирање средства датира од ранохристијанскиот/римски период кога во кутии во црквите се собирале пари на денот на Св. Стефан, кој според грегоријанскиот календар се слави на 26 декември, еден ден по Божик.

Денеска во Премиер лигата има богата програма:

13:30
Њукасл - Нотингем Форест (Arena Premium 1)

16:00
Борнмут - Фулам (Arena Premium 1)
Шефилд Јунајтед - Лутон Таун (Arena Premium 2)

18:30
Барнли - Ливерпул (Arena Premium 1)

21:00
Манчестер Јунајтед - Астон Вила (Arena Premium 1)

Денеска се игра и цело коло во Чемпионшип, а некои од поинтересните дуели се:

13:30
Престон Норт Енд - Лидс Јунајтед  (Arena 1)

16:00
Ротерам Јунајтед - Мидлсброу (Arena Premium 3)

18:15
Бирмингам Сити - Стоук Сити (Arena 1)

20:45
Ипсвич Таун - Лестер Сити (Arena Premium 3)

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе