Како падна големиот Роналдо?

Манчестер Јунајтед вчера го раскина договорот со Кристијано Роналдо. Оваа вест силно одекна во фудбалскиот свет, но никого не изненади премногу. Да потсетиме, Португалецот се врати во Јунајтед во летото 2021 година од Јувентус со отштета од 17 милиони евра.

Иако сè уште беше на својот врв во постигнувањето голови, набрзо почнаа проблемите. Веднаш по неговото пристигнување, медиумите, познавачите и навивачите го критикуваа поради неангажманот во играта, особено во дефанзивната фаза. Сето тоа кулминираше со лошата сезона на Јунајтед, која беше катализатор за големи проблеми меѓу клубот и неговата најголема ѕвезда.

URL
Головите ги криеја срамните бројки 

Роналдо и во Јунајтед покажа дека може да биде незапирлива машина. За жал за тимот, ова важеше само за бројот на голови, додека неговиот креативен резултат и одбранбените напори беа на најниско ниво откако припаѓа на светот на најголемите светски ѕвезди.

Португалецот постигна 18 гола во Премиер лигата, но во сите други фази од играта беше играч помалку за Јунајтед, што го потврди со ужасната сезона. Јунајтед беше елиминиран во првото коло од ФА Купот, второто коло од Лига купот, осминафиналето на Лигата на шампионите, а беше само шести во првенството. Тоа значеше дека Роналдо нема да игра во Лигата на шампионите доколку остане во Јунајтед, а во новогодишната честитка веќе ги прозва  клубот и соиграчите.

URL
На Роналдо „му пукна филмот“

Дека станува сè понервозен најдобро покажа ситуацијата во април годинава. Лут на поразот на својот тим на „Гудисон парк“, Португалецот му го скрши мобилниот телефон на 14-годишното аутистично момче Џејкоб, кој ги снимаше играчите, на пат кон соблекувалната.

URL

Поради ова, тој бил под истрага на полицијата, мајката на аутистичното момче се огласила и рекла дека нејзиното дете после тој настан имало психички проблеми, а неговиот имиџ во јавноста незапирливо почна да тоне. Тоа беше само подготовка за тоа што ќе се случува во тековната сезона.

Конфликт со Тен Хаг

Во Јунајтед пристигна нов тренер, Холанѓанецот Ерик тен Хаг, а Роналдо брзо се судри со него. Поголемиот дел од подготвителните натпревари ги мина на клупата за резерви, а во два наврати веднаш откако тренерот го извади од игра го напушти стадионот и не го дочека крајот на натпреварот и средбата со соиграчите потоа.

Неколку англиски медиуми на крајот од сезоната пишуваа дека тој ќе бара трансфер бидејќи сака да игра во Лигата на шампионите. Во меѓувреме Јунајтед се издигна во играта, но најмногу без Роналдо во составот, кој повеќе не беше ниту пред голот.

SkySports објави одлична анализа која прецизно покажа дека Манчестер Јунајтед е многу подобар тим без Роналдо, а нервозата кај Португалецот растеше сè повеќе. Својот врв го достигна непосредно пред Светското првенство.

URL
Интервјуто кое промени сè

Сè кулминираше со сега култното интервју со Пирс Морган, во кое Роналдо се нафрли на Манчестер Јунајтед, сегашните и поранешните соиграчи. Беше јасно дека тоа е точката од која нема враќање.

„Навистина мислев дека сè ќе се смени по 13 години. Бев негативно изненаден. Сè остана исто. Исто така, на младите играчи не им е гајле. Манчестер Јунајтед нема никаков напредок. Реал Мадрид и Јувентус ги следеа најновите трендови во технологијата и инфраструктурата.

Тие секогаш се обидуваа да се подобрат, дури и во однос на тренинзите, исхраната и деталите за тоа како најдобро да се опорават по натпреварите. Јунајтед денес заостанува зад тие клубови“, рече меѓу другото Португалецот во едно од најконтроверзните интервјуа во модерната фудбалска историја.

Remote video URL
реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Фудбал

Баерн очајнички бара тренер

Read more

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Read more

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Read more

Официјално: Мбапе заминува од ПСЖ

Read more
 

Спорт

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе