Како правилно да го исчистите и дезинфицирате автомобилот?
Пандемијата на коронавирусот многумина ги натера посериозно да размислат за хигиената и чистењето на просторот во кои престојуваат. Истото важи и за внатрешноста на автомобилите.
Со оглед на брзото ширење на коронавирусот, се поставува прашањето како може да го дезинфицираме ентериерот на автомобилот. Лари Косила е специјалист за детално чистење на автомобили и во ова видео споделува неколку корисни трикови за брзо и ефективно чистење на највалканите површини во автомобилот. Како што е и логично, најважно е да ги исчистиме површините кои најчесто ги допираме.
По класичното чистење со специјални средства се советува да се помине со средства за дезинфекција, но првин тестирајте ги на помалите површини за да не ја оштетите внатрешноста на автомобилот.