Како правилно треба да се редат садовите во машината за перење

Користењето машина за миење садови ги олеснува домашните работи и заштедува при рачно миење на секој предмет, но неправилното полнење на уредот може да ја намали неговата ефикасност.

Експертката за домаќинство, Бабс, позната како @Brunchwithbabs на TikTok, откри како „правилно“ да ја наредите машината за миење садови за секој предмет да биде блескаво чист.

Бабс најпрво издвои две вообичаени грешки што луѓето ги прават кога ја редат машината за миење садови. Таа објасни дека треба да ги изгребете остатоците од храна од садовите затоа што ако користите добар квалитетен детергент, нема потреба од претходно плакнење. На овој начин ќе ги отстраните честичките од храна пред предметите да влезат во машината, а детергентот ќе се погрижи за останатото. Потоа рече дека во машината за миење садови не се ставаат работи кои не се за таму, како дрвени предмети или кујнски ножеви.

Кога станува збор за правилното полнење на машината за миење садови, многумина имаат тенденција да ги ставаат предметите насекаде и да полнат онолку колку што ќе успеат да вметнат внатре, но Бабс откри дека има одредено место за секој кујнски предмет. Така, таа тврди дека сите предмети што се кршат, како чашите за вино, имаат место на горната полица, но треба да се стават меѓу запците, а не над нив, за да останат стабилни. Одозгора одат мали садови кои не треба да ги покривате, а меѓу садовите и чашите ставете големи садови.

Кога преминувате на долната полица, сите предмети треба да бидат свртени навнатре, а прскалката не треба да се заглавува. Бабс објасни дека ова ѝ овозможува на прскалката да допре до секој предмет и обезбедува темелно чистење. Таа потоа додаде дека ако перете тенџериња и тави во машината, тие треба да се стават напред.

Што се однесува до приборот за јадење, вели дека ножевите треба да се стават со сечилото свртено надолу, заради безбедност. Исто така препорачува групирање на приборот за јадење, со лажици во еден дел, ножеви во друг и вилушки во трет. Ова ќе го забрза процесот на празнење и потоа ставање на кујнските предмети на соодветното место.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Babs (@brunchwithbabs)

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Живот

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Read more

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе