Какви проблеми Роналдо му донесе на Ал Наср?

Португалскиот ас ја прифати богатата понуда на Ал Наср и од тој момент и саудиската лига доби важност. Соиграч на Роналдо сега му е поранешниот играч од средниот ред на Баерн, Луис Густаву, кој откри какви проблеми донел Португалецот во новиот тим.

„Сигурно дека доаѓањето на Роналдо може да ги отежни работите за сите нас бидејќи сега сите екипи се радуваат на играњето против него. Тој сите ги мотивира. Сите сакаат на тие натпревари да докажат нешто, а тоа нам ни ги отежнува работите. Но, сакаме да се натпреваруваме“, истакна Бразилецот.

„Роналдо уште сега ја подобри лигата бидејќи самите натпревари се многу подобри. Против нас сите се мотивирани да го покажат најдоброто од себе, а тоа покажува каков статус Кристијано има во фудбалот“, додаде.

35-годишниот Луис Густаву е сигурен дека од доаѓањето на Роналдо во Саудиска Арабија корист ќе имаат и клубот и играчите.

„Неговото присуство во Ал Наср ѝ дава голема предност на екипата бидејќи секој ден имаме шанса да учиме од него. Во живо гледаме какви способности поседува како играч, технички и физички. Постигна гол и се ослободи од притисокот, па сигурно сега ќе биде сѐ подобар и подобар“, смета поранешниот играч на Хофенхајм, Волфсбург, Марсеј и Фенербахче.

Роналдо со Ал Наср потпиша договор до летото 2025 година вреден 500 милиони евра, а пред некој ден го прослави својот 38. роденден.

По 15 одиграни кола Ал Наср го дели првото место со Ал Шабаб и Ал Итихад со по 34 бодови. Актуелниот шампион Ал Хилал има 32, додека Ал Таавон 30 бодови.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе