ФИБА МУНДОБАСКЕТ 2023 ФИЛИПИНИ/ЈАПОНИЈА/ИНДОНЕЗИЈА

Канѓаните со договори се обврзале дека ќе играат за репрезентацијата

Пред полуфиналето на МундоБаскетот во Манила, новинарите открија интересна информација поврзана со репрезентацијата на Канада. 14 канадски кошаркари кои се столбот на тимот играат затоа што потпишале професионален договор со Кошаркарската асоцијација на Канада.

Канада на овој Мундијал дојде со седум НБА асови, четворица играчи од Европа и центарот Зеке Идеа, кој настапува на Универзитетот Пердју. Канаѓаните и претходно имаа познати имиња, но никогаш не успеаја да направат поголем резултат, а со пласманот во полуфиналето каде ќе играат против Србија, го постигнаа најголемиот на Мундијалите.

Со доаѓањето на новите луѓе во Канадската кошаркарска асоцијација и со доведувањето на шпанскиот стручњак Жорди Фернандес на позицијата селектор, дојде идејата да се создаде НБА состав и да се нападнат медалите прво на МундоБаскетот, а потоа и на Олимписките игри во Париз.

Канаѓаните се единствената репрезентација на овој Мундијал што има потпишан професионалени договори со своите играчи.

„14 од најдобрите играчи од НБА, НЦАА и меѓународните лиги се обврзаа да ја претставуваат Канада од сега до крајот на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Секој играч има потпишано тригодишен договор со националниот тим. Доколку некој не е е во можност да игра за репрезентацијата, се очекува да дојде во тренинг кампот“, се вели во соопштението на Кошаркарската асоцијација од мај 2021 година.

Од 14 играчи кои потпишаа договори со Канада на Мундобаскетот, отсутни се Џамал Мареј, Кам Бирч, Оше Брисет, Кори Џозеф и Кевин Пангос. На СП се и Никел Александер-Вокер, Ар-Џеј Барет, Дилон Брукс, Лугенц Дорт, Зак Ајдеј, Мелвин Еџем, Шаи Гилџус-Александер, Кели Олиник и Двајт Пауел.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Кошарка

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Read more

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Read more

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Read more

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе