Капитенот на Њукасл нападнат пред ноќен клуб, му се заканиле дека ќе го убијат

Англиската полиција истражува инцидент што се случил во раните утрински часови во неделата на 20 август во Тајнсајд. Kапитенот на Њукасл, Џамал Ласелс, бил еден од учесниците на споменатиот инцидент.

Тој ден Ласелс со Њукасл претрпе пораз од Манчестер Сити (1:0), а вечерта излегол во еден клуб со својот помал брат и пријател. Фудбалерите на Њукасл од тренерот Еди Хау добиле два дена одмор.

Како што пишува Daily Mail, 19-годишниот брат на Ласелс бил удрен со лакт во грлото од непознат маж пред да го напушти ноќниот клуб.

Понатаму, Англичаните тврдат дека после тоа кон Ласелс било фрлено шише вотка, но поминало покрај неговата глава.

Група од шест до осум мажи, наводно, потоа го нападнале Ласелс и му се заканиле дека ќе пукаат во него. Тој успеал да фрли едно од лицата на асвалтот, но неговиот брат бил погоден во главата. Во меѓувреме, нивниот пријател завршил на подот, удрен со нога во главата.

Групата мажи потоа побегнала пред да пристигнат службите за итна помош, а пријателот на Ласелс бил пренесен во болница.

„Џамал Ласелс на видеото носи црна маица и зелен елек“.

URL

Daily Mail, повикувајќи се на очевидци, пишува дека случајните минувачи стравувале за животот на Ласелс затоа што бил во несвест 15 минути.

Њукасл е информиран за инцидентот и од клубот велат дека работата се решава внатрешно.

Ласелс беше на клупата во неделниот пораз од Манчестер Сити. Инаку, тој во клубот дојде во 2014 година, а за „Страчките“ има играно 225 натпревари, а од 2016 година е капитен на првиот тим.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе