Пилавот со зеленчук ги содржи сите состојки на кои сме навикнати плус со додаток на кари, што го прави уште повкусен.
Кари пилавот со зеленчук брзо се подготвува, а оризот, зеленчукот и карито се варат во пилешка супа додека не омекнат. Не ви се потребни пет чинии за да направите кари пилав, а и е едноставен кога се во прашање состојките. Пилавот понекогаш може да биде сув, но со оглед на тоа што се вари во булјон, треба да биде малку сочен.
Потребни состојки:
- 1 лажичка масло
- 1 мал кромид
- 2 пилешки гради (или 2 батака)
- 2 лажички кари паста
- 40 гр басмати ориз
- 80 гр пилешки булјон
- 130 гр замрзнат мешан зеленчук
- 60 гр замрзнат спанаќ
Подготовка:
За кари пилав со зеленчук загрејте го маслото во тава, па пропржете го сечканиот кромид 5-6 минути додека да омекне. Додадете ги пилешките гради, пржете уште неколку минути за да добијат боја, а потоа измешајте ја пастата од кари и оризот. Пржете уште минута.
Истурете го пилешкиот булјон и ставете поголеми парчиња замрзнат зеленчук. Оставете да зоврие, намалете ја топлината, а потоа покријте ја тавата со капак. Гответе 10 минути, а потоа измешајте го преостанатиот зеленчук. Посипете со спанаќ, покријте и варете уште 10 минути додека не се впие целата вода и оризот не омекне. Сè добро измешајте, зачинете по вкус и послужете.