Карло Анчелоти е новиот тренер на Реал Мадрид

Карло Анчелоти (61) е новиот тренер на Реал Мадрид, објави мадридскиот клуб. Италијанскиот тренер Реал ја презема функцијата по заминувањето на Зинедин Зидан.

 

Анчелоти потпиша тригодишен договор со Реал, а на јавноста ќе ѝ се обрати утре на прес-конференција.

Италијанскиот стручњак доаѓа од англиски Евертон, кој го водеше од 2019 година и со кој заврши десетти во Премиер лигата минатата сезона.

Анчелоти го водеше Реал од 2013 до 2015 година. Со Реал ги освои Лигата на шампионите, Копа дел Реј, Суперкупот на УЕФА и Светскиот клупски куп на ФИФА. Италијанецот со Реал не успеа да стане шампион на Шпанија. Одработи 199 натпревари за Реал Мадрид и оствари 89 победи и 16 порази.

Во својата кариера ги водеше Реџана, Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн и Наполи. Анчелоти во својата кариера има седум европски трофеи и важи за еден од најголемите тренери на сите времиња.

URL
Алегри го одби Реал, Анчелоти стана прв избор

Анчелоти стана првиот избор на Реал откако Масимилијано Алегри ја прифати понудата на Јувентус.

Во конкуренција за нов тренер беа и Маурисио Почетино, Антонио Конте, Раул и Чаби Алонсо. ПСЖ не сакаше да го пушти Почетино, а Конте ќе донесеше компликации во соблекувалната, смета Cadena Ser.

Раул и Чаби Алонсо немаат доволно искуство и тоа би претставувало премногу ризик за Реал. Анчелоти на тој начин се враќа во Реал по шест години во кои работеше во Баерн, Наполи и Евертон.

реклама

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кој потешко ја поднесува самотијата, мажите или жените?

Read more

Утре истекува рокот за аплицирање за снабдување со струја по повластена цена

Read more

180.000 загинати и ранети Руси и 100.000 Украинци, проценува норвешки командант

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе