Карло Анчелоти - некогаш и сега

Еден од најдобрите фудбалски стратези на денешницата е дефинитивно Карло Анчелоти. Иако на сите ние познато неговото лице, човекот е во седмата деценија од животот па поголемиот дел од фудбалските фанатици всушност и не знаат како изгледал како млад фудбалер.

Анечелоти е роден на 10 јуни 1959 година во Реџоло, гратче со околу 9 илјади жители во провинцијата Емилија-Ромања во северниот дел на Италија. Почнал во локалниот клуб Реџоло пред да се префрли во Парма за која во сезоната 1976/1977 дебитирал за сениорскиот тим во Серија Чи, третата италијанска лига. Под водство на легендарниот Чезаре Малдини често играл зад напаѓачите или дури и како втор напаѓач, бидејќи имал одлично чувство за гол.

Иако Интер бил силно заинтересиран за младиот Анчелоти, во 1979 година потпишал за Рома, каде останал до 1987 кога преминал во Милан. Таму и ја завршил кариерата во 1992 година.

Веднаш по закачувањето на копачките преминал во тренерските води како помошник тренер во репрезентацијата на Италија, каде останал три години. Прв предизвик како главен тренер му била Реџана, потоа следувале Парма, Јувентус, Милан, Челси, ПСЖ, Реал Мадрид, Баерн, Наполи, Евертон, а од лани повторно Реал.

Помладите фудбалски фанатици воопшто и немаат претстава за Карло Анчелоти како играч, иако неговата сениорска кариера траела 14 години во која одиграл 442 натпревара и постигнал 41 гол (статистика од сите натпреварувања), а освоил 3 Скудета (1 со Рома и 2 со Милан), 4 пати Копа Италија, 1 италијански Суперкуп, 2 титули во Купот на шампионите (денес ЛШ), 1 Суперкуп на УЕФА и 1 Интерконтинентален куп.

За Италија одиграл само 26 натпревари и постигнал 1 гол, иако репрезентативец бил 10 години. Учествувал на Мундијалите 1986 и 1990, како и на ЕУРО 1988.

Страницата Calcio - Ultimi Romantici ни откри како изгледал младиот Анчелоти во дресот на Рома, во првата сезона во овој клуб кога имал 20 години.

Кој би рекол дека нова младо момче денес е еден од најдобрите тренери во историјата на фудбалот.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Фудбал

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Read more

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Read more

Серхио Рамос се сели преку океанот

Read more

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Читај повеќе

Кимпембе објави шокантна фотка од повредата на Ахиловата тетива

Читај повеќе

Рафаел Варан заминува од Манчестер Јунајтед

Читај повеќе

Серхио Рамос се сели преку океанот

Читај повеќе

Капело распали по сонародникот: Де Ѕерби е третокласен тренер, не му треба на Милан

Читај повеќе

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Читај повеќе
  • play_arrow

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Читај повеќе

Баерн очајнички бара тренер

Читај повеќе

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе