ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Катар посиромашен за еден великан: Се повреди Садио Мане

Сенегалската ѕвезда Садио Мане веројатно ќе го прошушти Мундијалот во Катар откако синоќа заработи повреда играјќи за Баерн.

Баварскиот тим, со 6:1 го преслуша Вердер во вонредното коло претпоследно пред мундијаласката пауза, а победата се чини ќе биде кобна за еден од најдобрите фудбалери коии треба да се појават во Катар. Според француски L'Équipe, повредата ќе гои чини Мане пропшуштање на Мундијалот, а Сенегал голем пех во остварувањето на амбициите, минување на групоната фаза.

Се играше 19. минута кога при 1:1 Мане од позади го напаѓаше Амос Пипер и веројатно доживеа некаквбо истегнување бидејќи всушност Пипер беше тој кој завршпи на земја по дуелот. Веднаш по дуелот мане се пожали дека нешто не е во ред, па Јулиан Нагелсман веднбашп го изваде од игра.

По натпреварот, предводникот на Баерн изјави дека повредата „е на непријатно место, навлегува малку во мускулот“.

„Доби удар во горниот дел од големата писка (тибија), што секогаш предизвикува непријатно чувство. Мора да направи рентген за да се види дали има некаква штета, бидејќи овој дел лесно се расцепува. Но, се надевам дека не е ништо. Сѐ уште не можам да кажам ништо со сигурност“, додаде Нагелсман.

Но, денеска L'Équipe вели дека Мане отпаѓа од списокот на Сенегал бидејќи повредата не може да заздрави за 12 дена, колку што има до првиот натпревар на Сенегал на Мундијалот, на 21 ноември против Холандија.

URL

Доколку има надеж дека 30-годишниот Мане би се опоравил додека сѐ уште трае групната фаза, може да отпатува како што направи Мохамед Салах на Мундијалот во 2018 година во Русија. Тој тогаш беше повреден, но се најде на списокот и успеа да се врати за натпреварот од 2. коло. Сепак, дополнителните испитувања ќе покажат дали несреќниот Мане може да се надева на такво нешто. Селекторот Алиу Сисе сигурно би го ставил на списокот дури и да може да игра дури во 3. коло.

Без него во составот, Сенегал ќе биде далеку од оној тим на кој му се предвидува подолг престој во Катар.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Read more

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Read more

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Read more

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Јокиќ: Јас сум чудо на природата!

Читај повеќе

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе