Кеопсовата пирамида стана прожектор на пораки за борбата со COVID-19
Кеопсовата пирамида се придружи во борбата со коронавирусот на тој начин што послужи за испраќање пораки.
Најголемата од трите пирамиди во Гиза, онаа на Куфу (втор фараон од четвртата династија владетели на антички Египет, попознат како Кеопс во западната цивилизација), послужи како прожектор на кој се испишуваа пораки на единство и солидарност со оние кои се борат против коронавирусот низ светот. Пораките беа на англиски и арапски.
Египет до денес има регистрирано 710 случаи на заразени со COVID-19. Од нив 46 веќе починаа, а 157 се излекувани.