Кербер и Кракен се новите соеви на коронавирус – колку се опасни?

Александар Петличковски, претседател на Комисијата за заразни болести, пред неколку дена потврди дека нема место за паника и дека досега во државава нема потврден случај на сојот на коронавирусот „кракен“.

„Сѐ уште нема регистрирано кај нас, бидејќи последното секвенционирање на позитивните примероци на ковид е направено на 5 декември и во таа рунда на секвенционирање, не е откриен овој сој, кракен. Засега нема точна информација кога би било следното, отприлика на месец дена се прават тестирањата. Веројатно следните денови би имало нова рунда на секвенционирање, појасни Петличковски.

Но, од податоците што ги имаат од САД и од Европа, како што нагласи, не се очекува некаков драматичен пресврт ни со оваа нова варијанта.

Директорот на хрватски ХЗЈЗ, Крунослав Чапак, завчера изјави дека врвот на грипот се очекува на крајот на јануари и почетокот на февруари и дека варијантата кракен веројатно е веќе присутна во Хрватска, иако сè уште не е микробиолошки потврдена.

„Многу веројатно веќе е овде, бидејќи не сме изолирани од остатокот од светот. Сите досегашни соеви се шират брзо, а за очекување е дека ќе се прошири и кракен“, рече Чапак.

Според резултатите од микробиолошките наоди, кракен досега не е евидентиран, но причините се собрани пред две недели, додаде директорот на ХЗЈЗ, кој учествуваше на состанокот по повод Европската недела за превенција од рак на грлото на матката.

Новите соеви на кракен и кербер се подваријанти на коронавирусот BA.5, а досега се познати околу 75 варијанти на овој вирус.

„Некои варијанти се шират побрзо и се позаразни, а кербер и кракен очигледно се нешто позаразни бидејќи ја преземаат доминацијата на претходните соеви. Засега нема клинички докази дека предизвикуваат потешка форма на болеста“, рече Чапак.

„Имунитетот кај респираторните инфекции е краткотраен, без разлика дали се стекнува со вакцинација или по природен пат. Тоа што лани имавте грип не значи дека нема да добиете повторно“, вели Чапак.

Затоа на граѓаните им се препорачува да се држат на дистанца и да избегнуваат големи собири и да се вакцинираат.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе