Хамас: Ако сака мир, Израел мора да ја запре агресијата во Газа и Ерусалим

Израел мора да ја запре својата агресија во Појасот Газа и во Ерусалим ако сака мир по 11-дневната војна на почетокот на овој месец, изјави портпарол на палестинското исламистичко движење Хамас.

Халил ал-Хаја ја даде изјавата по состанокот со шефот на египетската разузнавачка служба Абас Камел, кој денеска ја посети крајбрежната енклава по средбата со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во рамки на турнејата чија цел е зајакнување на примирјето со посредство на Египет.

Камел не даде јавни изјави.

Шефот на египетското разузнавање е највисок арапски службеник кој го посетил Појасот Газа од 2018 година. Покрај со Халил ал-Хаја, тој се сретна и со друг лидер на Хамас, Јахја Синуар. Конфликтот меѓу Израел и палестинските групи во Појасот Газа започна на 10 мај и траеше 11 дена. Тој беше поттикнат од повеќенеделни протести и судири во Ерусалим. Вкупно над 250 лица беа убиени, повеќето Палестинци кои живееја во енклавата под контрола на Хамас.

– Разговаравме за неколку прашања, од кои најважна е потребата да се принудат окупаторските сили да ја запрат својата агресија против Газа, Ерусалим, Шеик Џара и цела Палестина, изјави ал-Хаја пред новинарите. Тој рече дека Израел мора да ја отстрани блокадата што ја воведе во Појасот Газа откако Хамас ја презеде власта во енклавата во 2007 година.

– Ако тоа се случи, мирот и стабилноста можат да се вратат, додаде ал-Хаја. Истовремено, тој ја отфрли можноста за поврзување на реконструкцијата на Појасот Газа со ослободување на двајца израелски цивили. Наместо тоа, Хамас најверојатно ќе побара ослободување на голем број Палестинци кои се наоѓаат во израелските затвори.

реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more
 

Вести

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Читај повеќе

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Читај повеќе

Екстрадиран Бесим Красниќи

Читај повеќе

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Колакушиќ: Евровизија е „лика и прилика“ на Европскиот парламент

Читај повеќе

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Читај повеќе

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе