Хеликоптерот на НАСА се подготвува за првиот лет на Марс

Роверот Perseverance, најнапредното роботско возило досега испратено на Марс, со себе го поведе и првото автономно летало, малиот хеликоптер Ingenuity.

Ако сè оди според планот на НАСА, Ingenuity ќе стане првото летало кое се вивнало во воздух на некоја друга планета, а со себе ќе носи и дел од авионот на браќата Рајт, кој за првпат полетал на нашата планета.

Викендов беа завршени подготовките за испуштање на хеликоптерот од роверот, Perseverance го приземји малото летало на одреденото место погодно за полетување и слетување и испрати фотографија на Земјата.

URL

Ingenuity сега треба да ги подготви своите системи и да прими инструкции за лет. Тоа ќе потрае околу една недела, па хеликоптерот нема да полета во следните неколку дена.

Предвидено е да биде самостоен и оперативен околу 30 дена од одвојувањето со роверот. Во тоа време би требало да изврши еден или повеќе тест летови. Првите од нив ќе се состојат од вертикално полетување, лебдење во траење меѓу 20 до 30 секунди и слетување. Ако сè мине во ред, ќе се обиде и со поамбициозни летови, на поголеми висини.

Целта на мисијата е да се истражи дали на Марс има услови за летање како што тоа го замислуваат од НАСА, а откако хеликоптерот ќе ги изврши тест летовите, роверот Perseverance ќе се врати на основните, научни задачи.

Remote video URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе