Хелсиншки комитет ги охрабрува учениците од „Илија Николовски Луј“ да пријавуваат насилство од професорите

По објавата на средношколка за случувањата во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, која беше пренесена во медиумите, Хелсиншкиот комитет за човекови права се огласи охрабрувајќи ги средношколците да пријават слични случаи на психичко насилство.

„Објавата го реактуелизира долгогодишниот проблем со непедагошко, непрофесионално и насилничко однесување на наставниците кон учениците. Кога училиштето станува небезбедна средина во која децата се подложени на малтретирање, омаловажувања и притисоци, тоа не значи само кршење на Конвенцијата за правата на детето, туку остава долгорочни последици врз нивното здравје и понатамошниот животен развој.

Досегашната пракса покажува дека институциите несоодветно или воопшто не постапуваат по пријави за деградирачко, дискриминирачко и несовесно однесување на наставници кон ученици“, стои во соопштението на здружението кое врши мониторинг на состојбата со човековите права, обезбедува правна помош, соработува со други организации и со државните органи во насока на зголемување на промоцијата, почитувањето и заштитата на човековите права и слободи.

Оттаму велат дека заедно со младинските организации – Националниот младински совет на Македонија, Младинскиот образовен форум и Сојузот на средношколци имаат заедничка намера да не дозволат и овој случај да се заборави откако ќе згасне медиумскиот интерес, туку кон прашањето да се пристапи системски.

„Ги охрабруваме сите ученици да пријават вакви искуства и заедно да извршиме притисок за институционално справување со овој проблем. Поради бројните проблеми со кое со соочува образовниот систем, кадарот кој ги крши основните педагошки начела и закони во својата работа несомнено придонесува за очигледната дисфункционалност на образованието, слабите резултати и трауми кај учениците. Училиштата мораат да бидат безбедна средина за нивните ученици.“

Хелсиншкиот комитет веќе постапува по пријавите кои пристигнаа веднаш по објавата за музичкото училиште. По добиени сознанија дека професорите вршат притисоци  за повлекување на сведоштвата по излегувањето на приказната во јавност, оттаму ги охрабруваат учениците да ги пријават и ваквите случувања.

НМСМ, МОФ или ССРСМ ќе им помогнат на учениците да стапат во контакт со тимот за бесплатна правна помош на Хелсиншкиот комитет. Доколку сте имале слично искуство, обратете се на правниот тим во канцеларијата на улица „Наум Наумовски Борче“ 83 во Скопје или на helkom@mhc.org.mk, +389 (0)2 3119 073 и +389 (0)72 278 436.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе