Хелсиншки комитет за човекови права: Спортскиот терен не е место за омраза

Хелсиншкиот комитет за човекови права го осудува говорот на омраза искажан на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија и предупредува дека тој има дополнителна тежина во контекст на актуелните политички односи.

– Иако социјалните мрежи во последниве години станаа примарна арена на говорот на омраза во нашето општество, и понатаму не изостанува злоупотребата на спортските трибини за пласирање понижувачки и навредливи пораки мотивирaни од омраза. За жал, говорот на омраза заснован на етничка и национална припадност традиционално се излева на спортските натпревари, а единствено што се менува е субјектот на омраза на конкретен настан, во зависност од учесниците, велат од Хелсиншкиот комитет.

Но, како што соопштија од здружението, со оглед на популарноста на спортските настани, загрижувачки е што таму изнесените пораки полни со омраза добиваат поголема видливост, вклучително и на традиционалните медиуми, а со тоа се зголемуваат и негативните ефекти од ваквиот говор.

Токму такви последици, како што потенцираат, имаат извиците и пораките од навивачите на фудбалскиот натпревар помеѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија.

– Разорните ефекти од јавно манифестираната омраза значат понатамошно продлабочување на поделбите и намалување на просторот за рационален и толерантен дијалог во рамки на општеството и во меѓусоседските релации, посочуваат во соопштение.

Хелсиншкиот комитет апелира до сите политички, спортски и други општествени чинители да се придружат во осудата на овој говор, и тоа да го сторат не само заради политичкиот момент, туку и за да се испрати јасна порака дека е неприфатливо ширењето омраза на јавни места и настани.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе