Холандија го прекина посвојувањето деца од странство

Холандската Влада одлучи да ги прекине сите посвојувања на деца од странство, откако официјална истрага откри дека голем број деца биле незаконски посвоени.

Истрагата се фокусираше на посвојување деца од Бангладеш, Бразил, Колумбија, Индонезија и Шри Ланка во периодот од 1967 до 1998 година, пренесе BBC.

Холандскиот министер за човекови права Сандер Декер изјави дека Владата не интервенирала со години, односно дека службениците биле свесни дека нешто неправилно се случува, а многумина биле лично вклучени во посвојувањата.

Истрагата утврдила дека децата од тие земји главно биле купувани или крадени од нивните биолошки родители и оти истрагата немало да се случи доколку голем број на посвоени деца не поднеле барања да ги испитаат своите корени и да ги најдат вистинските родители.

Притоа било утврдено дека нивните документи се или изгубени или фалсификувани, и дека нивното посвојување е незаконско.

Во последните 50 години, холандски родители посвоиле околу 40.000 деца од 80 земји, а таа практика се намали претходните години, така што во 2019 година од странство биле посвоени 145 деца. 

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе