КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Холандија – Литванија пред публика за да се тестира преносливоста на COVID-19

До 5.000 навивачи ќе присуствуваат на домашниот натпревар на Холандија против Литванија на крајот на овој месец во рамки на квалификациите за Мундијалот 2022.

Присуството на гледачи на натпреварот што ќе се игра на „Јохан Кројф“ стадионот во Амстердам ќе послужи за проучување на ефикасноста на различни анти-ковид мерки, вклучувајќи брзи тестови на коронавирус и користење апликации за паметни телефони, кои покажуваат негативен тест резултат, соопшти Кралската холандска фудбалска федерација.

„Поволни резултати од ова истражување би можеле да го забрзаат процесот на отворање на стадионите во финишот на оваа фудбалска сезона, но и за натпреварите на претстојното Европско првенство“, најави КНВБ.

Навивачите ќе бидат сместени во неколку „балони“ распоредени на сите страни на стадионот, а во еден од нив научници од Технолошкиот универзитет во Ајндховен ќе ја истражуваат структурата на концентрацијата на аеросоли и ефикасноста на мерките за намалување на концентрацијата на аеросоли на стадионот.

Досега овој пилот-проект е спроведен на неколку конференции, театарски претстави и концерти на затворено, како и на два натпревара од втората холандска фудбалска лига.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе