Сигурно познавате некој кој едноставно не може да има среќна и долга врска. Можеби оваа личност ја привлекуваат погрешни партнери или има преголеми очекувања, или можеби едноставно е емоционално недостапна.

Кога станува збор за хороскопот, се издвојуваат три знаци кои имаат лоша среќа на љубовно поле.
Луѓето родени во знакот Рак се чувствителни, топли и грижливи, но и доста напорни. Кога сакаат некого, даваат сè од себе. Лесно се губат во врската, а поради желбата да ѝ угодат на саканата личност, на втор план ги ставаат сопствените потреби.
Поради ова, како и фактот што со текот на времето партнерот почнува да ги зема здраво за готово, лесно стануваат несреќни во врската.
Јарците се најстудениот знак, па тешко е да ги замислите во романтично расположение. Сепак, студенилото е само маска што ја користат за да се заштитат од разочарување. Многу им е тешко да се опуштат и да се отворат кон друга личност бидејќи од луѓето секогаш го очекуваат најлошото, а поради стравот од интимност често се сами и несреќни.
Иако на почетокот не би го кажале тоа, способни се да сакаат длабоко и да страдаат ако ја изгубат љубовта.
Рибите го гледаат светот низ розови очила. Го идеализираат партнерот, па се разочаруваат кога ќе сфатат дека тој, како и секој друг човек од крв и месо, има свои мани. Имаат нереални желби и барања кои се невозможни за исполнување, па затоа нивните врски се осудени на пропаст уште од самиот почеток.
Освен тоа, од сите знаци Рибите најмногу се склони кон тајни врски од кои не можат да излезат среќни.