УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Хумелс: Не смееме да му дозволиме на Имобиле да дојде до шанса

Вечерва Борусија гостува кај Лацио во Рим, а еден домашен фудбалер влева страв и трепет кај гостинските дефанзивци.

Матс Хумелс една полусезона му беше соиграч на Чиро Имобиле, кога Италијанецот имаше неславна авантура во Бундеслигата. Во сезоната 2014/15 дојде како големо засилување во Дортмунд откако жареше и палеше во дресот на Торино, но не се вклопи во германскиот стил и по само една полусезона си замина. Иако на натпреварите не му одеше, Хумелс и соиграчите сепак добро го запознаа на тренинзите.

„Свесни сме со каков квалитет располага кога е во шестнаесетникот. Не смееме да му дозволиме често да влегува во шанса бидејќи тој е безмилосен пред голот“, вели Хумелс.

После лошата авантура во Дортмунд, Имобиле изгуби уште една сезона пробувајќи да си ја поврати формата во Севиља, каде не успеа. Но, откако се врати во Калчото повторо стана оној истиот, ако не и подобар.

„На крајот сѐ се сведува на тоа да направиме во колку што е можно помалку шанси да влезе. Тој е вистински егзекутор“.

Откако дојде во Лацио летото 2016, Имобиле постигна 126 голови на 181 натпревар во сите натпреварувања, а две сезони беше и најдобар стрелец во Серија А од кои минатата со дури 36 голови.

реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Read more

Фудбал

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Read more

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Read more

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Read more

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе

Во Милан го бркаат, Наполи го сака: Пиоли ќе го воскреснува гигантот од југот?

Читај повеќе

На терен е ужас, но: Манчестер Јунајтед е највредниот клуб во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Читај повеќе

Што значеше пораката под дресот на Родриго?

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ трет пат во кариерата е МВП во НБА

Читај повеќе

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе