Ким Џонг Ун прогласи победа над короната

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во средата прогласи „очигледна победа“ во борбата против COVID-19 откако и самиот се разболел, откри неговата сестра, обвинувајќи го Сеул за ширење на епидемијата во нејзината земја.

На состанокот со здравствените работници и научниците, Ким Џонг Ун го изразил своето задоволство од „победата (...) во борбата против злобната пандемска болест“, објави државната новинска агенција KCNA.

„Победата на нашиот народ е историски настан кој уште еднаш на светот му ја покажа големината на нашата земја, неверојатната издржливост на нашиот народ и убавите национални обичаи со кои се гордееме“, додаде севернокорејскиот лидер, пренесува агенцијата.

Северна Кореја, која беше меѓу првите земји што ги затвори своите граници во јануари 2020 година, откако вирусот се појави во соседна Кина, го пријави својот прв случај на коронавирус на 12 мај, а Ким Џонг Ун лично го надгледуваше сузбивањето на пандемијата. Од 29 јули, Пјонгјанг нема пријавено нови случаи.

Кон крајот на април, Северна Кореја имаше скоро 4,8 милиони „случаи на треска“, терминот што го користеа за болеста, и само 74 смртни случаи, официјална стапка на смртност од 0,002 отсто, според KCNA.

Mенаџирањето на епидемијата е „чудо без преседан“

Менаџирањето на епидемијата е „чудо досега невидено во светската историја на јавното здравство“, се пофали Ким, што беше проследено со громогласен аплауз, пренесува агенцијата. Влијателната сестра на Ким откри дека лидерот и самиот бил болен, додаде друга новинска агенција.

Водачот „имаше висока температура додека беше во карантин, но не можеше да легне ниту за момент бидејќи размислуваше за оние за кои е одговорен“, рече Ким Јо Џонг.

Ова е првпат Пјонгјанг да признае дека Ким Џонг Ун, чие здравје е тема на најголем интерес на набљудувачите, бил заразен со коронавирус. Во исто време, Ким Јо Џонг ја обвини Јужна Кореја дека е одговорна за епидемијата во нејзината земја, која, како што рече, ја шири со пропагандни летоци и балони.

Таа го нарече „злосторство против човештвото“ и му се закани на Сеул со „силна одмазда“. Јужна Кореја ги отфрли „неоснованите обвинувања“ и „навредливите и заканувачки коментари“ од Пјонгјанг.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе