Кина ја турка Германија од позицијата на гигант во автомобилската индустрија

Кинескиот пазар на автомобили е најголем во светот и на него доминираат домашните брендови. И како извозник, Кина ги потиснува познатите германски автомобили. Ова е особено видливо кај електричните возила, каде Германците речиси и не играат улога.

Недостасуваат нарачки, паѓа куповната моќ. Во германската економија се шири кризно расположение.

Постои и структурен проблем за производителите на автомобили: трансформацијата во електромобилност и автономно возење ќе предизвика високи трошоци, на неодредено време.

Финансиските средства потребни за ова треба да потекнуваат од класичните бизниси со возила со бензин и дизел, кои стануваат се помалку политички популарни.

Првата половина од годината помина добро. Зголемена продажба и поголем профит бележат Volkswagen (VW), Mercedes-Benz и BMW. Сепак, прогнозите за целата година се под очекувањата на многу инвеститори и акционери.

Инфлацијата и зголемувањето на каматните стапки ја кочат продажбата, а побарувачката за нови возила е помала.

„Иако гледаме зголемување на производството, ова не е знак за опуштање“, предупредува Хилдегард Милер, претседател на германската асоцијација на автомобилската индустрија. Продажбата е сè уште добра петтина помала отколку што беше пред кризата во 2019 година.

Во Германија паѓаат нарачките, особено за електричните автомобили. Побарувачката во тој сегмент во Германија моментално е само 60 отсто од минатогодишниот обем.

Електричните автомобили сè повеќе се бараат во Кина

Сепак, Кина, најголемиот и најважен пазар на автомобили во светот, постојано добива сила не само во однос на нови регистрации на електрични возила. На глобално ниво, еден од два електрични автомобили сега е во Кина.

И кинеските производители бележат брз напредок. Единствена вистинска конкуренција на домашниот пазар моментално е американскиот производител на автомобили Tesla.

Кинеските купувачи на автомобили, особено оние со високи примања, неодамна почнаа да преферираат домашни марки. Лидер е BYD, кој според последните податоци на кинеската асоцијација за патнички возила, продал 29 отсто повеќе електрични автомобили од Tesla во првата половина од годината.

„Има промени на пазарот“, вели членот на управниот одбор на Volkswagen во Кина, Ралф Брандштатер. Тој директно забележа како BYD го нокаутира деценискиот лидер, компанијата Volkswagen, од првото место во првиот квартал. BYD успеа да продаде речиси дваесет пати повеќе електрични возила во Кина од германскиот гигант.

За да го промени трендот, Volkswagen се обидува да воспостави партнерство со кинескиот производител на автомобили Xpeng, што вклучува области на електромобилност, софтвер и автономно возење.

За оваа цел, компанијата од Волфсбург инвестира 700 милиони долари во стартапот. Првично беа планирани два електрични модели на марката VW, кои на кинескиот пазар треба да се појават во 2026 година.

Германските автомобили како статусни симболи

Покрај концернот Volkswagen со своите луксузни брендови Porsche и Audi, причина за грижа имаат и Mercedes и BMW.

Во новата студија, автомобилската консултантска компанија Berills Strategy Advisors гледа „промена на стражата во Кина“. Во жестока конкуренција со традиционалните производители од високата класа од Германија, Кинезите се „во лентата за престигнување“.

„За германските производители резултатите се алармантни“, објаснува Вили Ванг, управен директор на консултантската компанија Berills во Кина. „Бидејќи кинеските конкуренти се јасно предни во многу аспекти кога станува збор за перцепцијата на клиентите.“ Сликата целосно се промени со трансформацијата во електричен автомобил.

Германските луксузни возила некогаш се сметаа за идеални статусни симболи за амбициозната средна и висока класа во Кина. Домашните производители имаа репутација дека се технички заостанати и неубедливи во однос на квалитетот.

Дигитални карактеристики како адути

Возилата од кинеско производство сега имаат особено добри перформанси со дигитални карактеристики како што се софистицирани системи за помош и забава во возилото - не е ни чудо кога ќе ја земете предвид ситуацијата во сообраќајот во кинеските градови.

Според студијата, кога станува збор за удобноста и квалитетот, клиентите проценуваат дека овие возила се речиси на исто ниво или малку подобри од етаблираните производители.

Технологијата станува поважна за кинеските клиенти отколку традиционалните вредности.

„Главниот мотив за купување германски луксузни возила е брендот, додека мотивите за купување кинески премиум возила се првенствено поврзани со производот“, се вели во студијата на Berills.

Германските производители не се во првите десет

Не е ни чудо што 80 отсто од електричните автомобили во Кина сега се домашно произведени. Тесла е единствената компанија од странство која е меѓу десетте најуспешни во Кина, додека германските брендови повеќе не играат улога во тој познат круг.

На целиот кинески автомобилски пазар, вклучително и возилата со внатрешно согорување, кинеските производители за прв пат ќе ги надминат странските производители во 2023 година со пазарен удел од 51 процент.

Консултантската компанија AlixPartners предвидува дека овој удел ќе се зголеми на две третини до 2030 година.

Кина е светски шампион во извоз на автомобили

Во исто време, европските производители се исто така под зголемен притисок од кинеските производители на електрични возила на домашниот пазар.

Во првиот квартал од оваа година Кина ја замени Јапонија како светски шампион во извоз на автомобили. Пред само три години Кина беше на шестото место на таа листа. Азиската земја е во пораст како продажен пазар, извозник и како производствена локација.

„Кина е на добар пат да стане автомобилска суперсила“, вели Фабијан Пјонтек, автомобилски експерт во AlixPartners.

Од друга страна, европските производители се повеќе доаѓаат до позиција на бранители на пазарните удели на нивните традиционални домашни пазари.

„Ерата на рекордни профити за германските производители на автомобили завршува“, смета Пјонтек.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе