Кинески инженери први направија iPhone на преклопување

Како би изгледал iPhone што се преклопува? Група кинески инженери се обидоа да одговорат на ова прашање.

Долго се зборува за iPhone телефон на преклопување, но како што тоа обично се случува, компанијата Apple не сака да ја имплементира новата технологија сѐ додека не биде апсолутно сигурна дека ќе функциоира според најновите стандарди, поради што често е и предмет на потсмев, како на пример задевања од конкурентните компании.

Сепак, кинеската компанија The Aesthetics of Science and Technology (AST) објави дека го направила првиот iPhone на преклопување, со големи модификации. Инженерите велат дека оваа верзија на телефон ја направиле користејќи резервни делови од Motorola RAZR уреди, сопствени 3D принтани елементи и екран од телефонот iPhone X, кој станал флексибилен со замена на стаклото и слоевите за препознавање на допир.

Remote video URL

Резултатот е секако импресивен, но и очекуван - неофицијалниот Apple на преклопување изгледа како плод од љубовта помеѓу iPhone и Galaxy Z Flip уредите, преполн со компромиси кои доаѓаат со прилагоден дизајн. капацитетот на батеријата е намален, безжичното полнење е вклопено, отпорноста на уредот е речиси непостоечка, а кога се преклопува телефонот остава голема празнина.

Најновите гласини тврдат дека компанијката Apple веќе наредната година би можела да го претстави својот прв уред на преклопување, но и дека тоа всушност воопшто нема да биде iPhone, туку модел сличен на iPad таблетите. Се разбира, останува да видиме дали тоа ќе се оствари, а кинеските инженери ни дадоа одличен увид во тоа како би можел да изгледа уред на Apple на преклопување.

Тагови
реклама

Мобилни

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Read more

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Read more

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе