Кинески воени научници објавија план за уништување на Starlink сателитите

Кинески воени научници сметаат дека Кина мора да развие можност за онеспособување или уништување на сателитската мрежа Starlink, што е во сопственост на SpaceX.

Научниците ја истакнаа можноста Starlink да се користи во воени цели кои би можеле да им помогнат на другите земји да бидат закана за националната безбедност на Кина. Затоа, повикуваат на развој на антисателитски можности вклучително и можности за физичко уништување на проектот.

Научниците предложија развој на надзорен систем кој може да го следи секој Starlink сателит. Со тоа би се решил еден проблем, а тоа е можноста за лансирање на воен товар заедно со останатите сателити кои се дел од констелацијата.

Кинеската војска предупреди и на опасноста што ја претставува интернет мрежата:

„И додека Starlink тврди дека е цивилна програма која нуди услуги за брз интернет, всушност има силна воена позадина“, се наведува во военото кинеско списание.

Местата за лансирање се наоѓаат во воени бази, а SpaceX претходно доби средства од Американските воздухопловни сили за да проучува како Starlink сателитите можат да се поврзат со воени авиони под енкрипција, тврдат кинеските научници.

Тие предупредија дека Starlink може да ја забрза комуникацијата на борбените авиони и дроновите за повеќе од 100 пати.

Статијата на научниците насловена како „The Development Status of Starlink and Its Countermeasures“ беше објавена во списанието Modern Defence Technology, но подоцна е тргната и објвена на друг сајт и содржи можни методи за уништување на сателитите.

Тагови
реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе