Кинезите извлекоа нефункционален сателит од орбитата, Американците загрижени

Кинескиот Shijian-21 (SJ-21) сателит за ублажување на вселенски отпад успеа да фати нефункционален сателит и да го извлече од неговата орбит, ноа и да го пренасочи во орбита за вселенски отпад.

Овој потег на Кина ги загрижи Американците кои тврдат дека оваа технологија би можела да се користи за загрозување на сателитски операции на други земји.

Компанијата Exoanalytic Solutions, која се занимава со следење сателити и која во 2021 година доби договор да дава информации на Американските вселенски сили, набљудуваше како SJ-21 исчезна од стандардната орбита. Сателитот потоа изврши голем маневар кој го доведе до кинескиот „мртов“ сателит BeiDou Navigation System. Потоа продолжи да го влече нефункционалниот систем од орбитата, па се искачи на поголема орбита која претставува „гробишта“ за сателити.

Сателитот SJ-21 беше лансиран на 24 октомври 2021 со помош на Long March-3B ракетата, а според извештаите на кинеските државни медиуми, неговата задача е да ги тестира и проверува технологиите за намалување на вселенскиот отпад.

Во ноември минатата година беше набљудуван како орбитира близу непознат објект во текот на наводна „намерна синхронизација“,

Кина никогаш не ја откри природата на непознатиот објект, а Американските вселенски сили сметаа дека би можело да станува збор за потрошен ракетен мотор на сателит. Други веруваа дека можеби станува збор за експериментален товар дизајниран за тестирање на можностите на сателитот SJ-21.

Иако мисијата на кинескиот сателит беше „мирољубива“, Американците се загрижени дека оваа технологија би можела да се злоупотреби.

Remote video URL
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе