Кинезите прават „летечки“ воз кој ќе достигнува брзина и до 1.000 км/час

Кинески експерти успешно тестирале воз кој користи магнетна левитација и се движи во вакуум цевка (Vactrain), јавуваат локалните медиуми.

Ова е уникатен проект во светот, имплементиран на делница од два километра во провинцијата Шанси во североисточниот дел на земјата.

Нов рекорд

При тестирањето била постигната брзина од 130 км/час, а крајната цел е да се изгради инфраструктура во должина од 60 километри, каде возот треба да развива 1.000 км/час.

Овој проект ќе ги постави темелите за нов вид транспорт, сличен на кинеските и јапонските Maglev возови, но и Hyperloop, кој своевремено го популаризираше Илон Маск.

И додека Maglev возовите постојат (во Јапонија минатата недела беше забележана рекордна брзина од 600 км/час), концептот Vactrain е сè уште во зародиш.

На социјалните мрежи може да се најдат дигитални прикажувања на T-Flight, развиени од CASIC (Кинеска корпорација за воздушна наука и индустрија).

URL
Голем потенцијал

Веројатно најпознатиот концепт на „патување низ вакуумски цевки“ е Hyperloop, кој беше најавен во 2012 година.

Раните тестови покажаа голем потенцијал, потсетува Futurism.

Овој вид транспорт го поттикна британскиот милијардер Ричард Бренсон да ја основа Virgin Hyperloop и да инвестира огромни средства во развојот.

Амбициозни проекти

Со текот на времето, Бренсон се откажа од првичниот план и се сврте кон карго превозот.

Тогаш се појави канадската компанија TransPod, која смета дека нашла начин за успешна комерцијализација на проектот.

Дури и Илон Маск не се откажува од Hyperloop, па годинава најави дека неговата Boring Company ќе изгради подземен систем во наредните години.

Remote video URL
Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе