Кинезите развија нов ковид-тест, дава резултати за 4 минути

Кинески научници развија нов тест за коронавирус, прецизен како ПЦР лабораториски тест, но дава резултати во рок од 4 минути.

ПЦР тестовите се сметаат за најточни и најчувствителни на вирусот SARS-CoV-2 кој предизвикува COVID-19, но за да се добите резултатот, потребни се неколку часа.

Некои земји доживеа сериозни заостанувања поради големата побарувачка за тестирање, поттикнати од експлозивното ширење на високо заразната омикрон варијанта.

Истражувачи од Универзитетот Фудан во Шангај велат дека имаат решение за проблемот.

Во рецензирана статија објавена во Nature Biomedical Engineering, тимот изјави дека нивниот сензор кој користи микроелектроника за анализа на генетски материјал од брисеви, може да ја намали потребата за долготрајни лабораториски тестови на коронавирус.

„Вградивме електромеханички биосензор за детекција на SARS-CoV-2 во интегриран и преносен прототип на уредот и покажавме дека го детектира вирусот за помалку од 4 минути“, наведе научниот тим.

Истражувачите велат дека нивниот метод нуди брзина, едноставност во работата, висока чувствителност и мобилност.

Нивното испитување вклучило примероци од 33 лица во Шангај заразени со корона, по што паралелно правеле и ПЦР тестови. Резултатите совршено се вклопиле со оние од ПЦР тестовите.

Нивната студија вклучила и тестирање на новата метода на 54 примероци кои вклучиле луѓе со температура кои немале коронавирус, луѓе болни од грип и здрави лица. Тие случаи не дале лажно позитивни резултати.

Истражувачите велат дека нивниот уред може да се користи за брзо тестирање во различни ситуации вклучително и на аеродроми, здравствени установи, па дури и дома.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Наука

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more
 

Гик

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе